Дали има негде само лента за мрежа за комарци (онаа што се лепи на прозор од една страна, а на другата страна се закачува мрежата)? Или морам да купам уште едно пакување мрежа само за лентата да ја најдам?
Кога се пријавуваш во фонд за здравствено,дали копијата од изводот треба да биде заверена на нотар? ЗА ТИЕ ШТО СЕ ПРИЈАВУВААТ : Изводот ги бараат НЕ ПОСТАР ОД ЕДНА ГОДИНА.
Чичак трака се вика тоа, би требало да има на пазар. Поточно на бит пазар - женски пазар кај што продаваат завеси и текстил
Не треба. Јас во октомври 2020 кога се пријавив однесов копија од првиот извод што го имам и не ми направија никаков проблем.
Фала ви. Од матичен гинеколог сум препратена па месецов тррба да одам да испитам тироидни хормони и пролактин и уште некои други имаше. Фала, да сте живи и здрави.
Каде има рибарница во Скопје каде што на исто место печат риби? Да не се пржени ми е битно. Некаде Кисела Вода, Центар..
Дали знаете дали се плаќа данок за пари пуштени преку payoneer? И каков е принципот на користење? Прв пат треба да ми стигнат пари од странство
Девојки треба да правам санитарен преглед бидејќу променив работно место. Предходно ми беше платен прегледот, и книшката ми остана на тоа работно место. Меѓутоа сега не ми е платен, јас си го плаќам, и ме интересира како оди ова со книшката. Треба јас да купам сама нова книшка, они ми даваат од Пролече, што треба јас да правам? Ако се купува, од каде да ја купам? Бројот за контакт од Пролече е достапен само во работни денови а јас треба да одам во понеделник рано.
Одиш во ијз, таму купуваш книшка и ги правиш брисевите. Толку е. Ама не е во ред да биде на твој трошок.
Сега баш нешто се мислам. Книшката ми е стара, на моминско презиме и адреса стара. Ќе ми прават ли проблем за породилно или во Чаир за пораѓај? Морам да ја менувам?