Со што може да проширам оксфордки кои не се 100% кожа? Пробував и на кондураџија ама само малце се проширија, друго решение?
Мислам дека нема да прават проблем, по матичен број те водат, а ако ти се сменети податоците во документите, ќе излегуваат новото презиме и адреса. Нема врска книшката.
Украсни кутии за подарок најнормални коцкасти дали може да се најдат во маркети ко Рамстор или Тинекс пример и ако има колку се цените? Ако не кај да најдам? Освен Џамбо шо знам дека има, но нешто не ми се свиѓаат таму по квалитет како се, па затоа прашувам за друго место.
Има ли некој закажувано за лични документи електронски? Ќе пополнам се на страната и за термин да одберам ми дава дека се е слободно, кликаш и ти вика зафатено е. 500пати ли треба да кликнам, сите термини да ги испробам за да најдам слободен? Што е финтата?
Не функционира никако, пробував и јас за пасош, сè пробав ама изгледа не работи како што треба... Јави се на телефон подобро
Не можев да ги добијам никако на телефон, затоа пробував... ајде може завршиле со паузите/вакцините/одморите што и да правеа..
Ова очигледно останато е така од поодамна. Јас имав ист проблем, пред пандемијава некаде менував документи, и исто на крај телефонски. Ама телефонски тогаш можеше само од фиксен да знаеш, дали е сменето не знам.
Електронски не можев да закажам во октомври 2020, потоа и на телефон од одма не можев да закажам. Ама треба упорност до крај ѕвонење и по повеќе пати, додека да се наканат да кренат телефон. Може и од мобилен да се јавиш да закажеш, на следниов телефонски број: 072/929-292
При надополнување на Скопска онлајн не почекав 10 секунди за да ми се генерираат средствата, парите ми се повлечени од сметка но не се на картичката. Каде би можела да се обратам, со тоа што службата на ЈСП е катастрофа?
Натопи крпа со вода, стави ја во ќесе или нешто такво за да не ги натопи и кондурите и стави ги во комора. Од ладното ќе се зголеми волуменот и би требало да се рашират. Носи ги со подебели или повеќе пара чорапи.
Од фиксен ѕвонев цело време, па реков да пробам електронски штом не бива, ама ете...страната за џабе ја имаат. Ќе продолжам деновиве да ги барам. Фала на сите за одговорите
За колку дена се издава потврда дека не е изречена забрана за вршење дејност и лекарско уверение за општа здравствена состојба?