Некој да се разбира во компјутери да ми каже зашто мојов лаптоп е спор? Lenovo ideapad 330 е моделот, i5 процесор, 4GB RAM и има две графички. Win 10 инсталиран. Откако е купен е спор, и преинсталиран и па исто.
Не ми дава 7ца да инсталирам, секако ич не сум фан на 10ката. Кај да го носам за рам да стават? Имаш идеја?
Со што да исчистам бела ташна (вештачка кожа)? Извалкана ми е на некои места, пробав со влажни марамици ама џабе...
Можеш во ист ден да закажеш да се сликаш и за лична карта и пасош. Прво одиш поднесуваш за лична карта и после со тоа ливчето поднесуваш за пасош.
Препорака за надградба на нокти во околината на Карпош 4, Влае, Хром? Не мора салон, може и некое девојче што изработува, оти ми треба итно за денес/утре.
Некој предлог за вила или апартман за пар, на некое поладно планинско место да се побегне од топлово време? Било каде, цената не е многу важна само битно е да е убаво.
Да пробаш со паста за заби да втриеш во дамките или направи пена од сода бикарбона со малку вода, јас така имам успешно исчистено чанта
Каде да купам убава хартија за завиткување поклони, и онаква лента украсна? Да не биде изгор скапа. Никогаш не сум купувала па не знам каде да барам. По можност карпош, центар?
16:20 се напив ибопрофен за менс.болки бидејки дома во моментов немав кетопрофен.....сега повторно ме боли стомакот дали може да се напијам кетопрофен?