Да не се лажеш сама да го чистиш затоа што уште толку можеш да го уништиш, плус ако не се исуши добро внатре разни бактерии се развиваат. Подобро плати на хемиско како нов ќе ти го направат.
Кое штити повеќе - Аутан стик или Аутан спреј? Или предложете нешто друго за заштита од комарци. Фала ви однапред.
Дечки, се работи за починато лице кое беше примател на пензија. Почина пред 20-тина дена. Бевме во фондот, ни кажаа дека трошоци ќе врателе на трансакциска сметка на член од фамилијата наредни 5-6 месеци. А, за делот од пензијата дека ќе го прателе на трансакциската на починатото лице. Сè уште нема средства на трансакциската, налет тоа, туку не знам колку време смее да стои таа трансакциска отворена? Останатите средства така ги враќаат на друга сметка, или има нешто матно овде?
Нова машина за перење алишта прави некој звук ко да свири, не знам дали е нормално или? Читав на нет нешто дека неколку пати треба да се пушти дека е нова, додека се стабилизира ама не сум сигурна. Има ли некој слично искуство?
Тие 30000 ден од солидарниот фонд ги префрлаат околу 2 месеци откако ќе поднесеш документи. Поднесовте? Толку им требаше сега за татко ми. Пензијата последна, на тран.сметка на починатото лице. Сметката нема врска колку време стои. Додека не заврши оставинската секако може да стои. Ама ќе ја блокираат и нема проблем. Сите останати средства не можете да ги подигнете. Достапни ќе ви бидат после завршување на оставинската постапка.
Работев два месеца непријавена, газдата не сакаше да ме пријави т.е. се ми викаше ајде понатаму ќе видиме, проб е што ниту ме плати, ајде и за тоа ќе видиме, кога реков ќе откажам со оваа работа ми рече ќе ме плати за еден месец, прашањето ми е, дали може да го пријавам некако или џабе ќе си губам време како што до сега го изгубив?