Дали има кај нас од тие белегзиите за парови кога едниот ќе ја притисне как другиот да светне? Нешто како i miss u знак.
Добро, како ставате хартија за печење во тави/калапи, а да биде асално ставена, а не целата изгужвана и деформирана? Има ли некоја финта?!
Од работа ми кажаа да идам до пиом и социјално за промена на лични податоци. Во пиом завршив, да не знаете социјално во скопје каде е?
Може да каже некоја кај да најдам распоред за автобуски превоз Скопје-Охрид? На автобуска станица Скопје страната е хаос, на Руле и Делфина е хаос исто. Не можам да најдам
Ова ти е од “Галеб”. Има и од “Македонија сообраќај” ама ги нема термините. Од нив знам само дека има сабајле, ама не знам во колку часот и поручек во 16:00.
Месец, месец ипол, затоа што се чека термин за сликање некогаш и подолго, плус и 2 недели за да ти ја направат лк. Кај Југо Дрво.
Не знам, во некои рецепти така пишува. Секој пат кога ставам хартија во било каква тава, целата е изгужвана и не можам убаво да ја наместам да биде подеднакво насекаде наредена. Па десертот испаѓа неуреден и искривен целиот.
Дали би било во ред кога аплицирам за некоја работна позиција на која не е баш назначено дека бараат искусни луѓе, ама сепак бидејќи јас немам искуство со таа работа, дали би можела да пишам дека прифаќам пракса пред вработување со цел да се вклопам подобро ? Или не е добра идеја ова