Имаше некој попуст на Групер од некоја компанија, 700-750 ден. повратна. Инаку ти е околу 900 денари.
Каде можам да го најдам комплетот книги "50 нијанси"? Ако го има некаде за онлајн нарачка, уште подобро.
Добро, со кое право карго смеат до домашна адреса да Ви ѕвонат на врата? Нели треба прво телефонски да Ве контактираат?!
Сакале да те откачат. Јас еднаш не можев да се јавам оти доев а човекот 10 пати ѕвонеше. Потоа на врата затвони среќа не го разбуди синко.
Пред половина месец купив сребрено ланче од златара Рубин. Ланчево го изгуби сјајот, но и доби суптилен портокалов отсјај... Од шо може да е ова? Има некое чаре?
Може да одиш во Рубин, можно е подолго да е стоено во излог и да му дошло времето за чистење. Од мое искуство ќе ти го исчистат бесплатно.
Да изгуби сјај нормално е, ама не ми е нормално да добие портокалов отсјај. Мислам дека не е квалитетно изработено. Еве и пример од незадоволна членка за купено злато од Рубин
Да затоа и прашав, обично знам со текот на времето среброто го губи сјајот и/или потемнува, но никогаш не ми се случило да добие таков портокалов отсјај, а сепак жигот е 925, кој знае од шо легура е изработено.
А целосно е со таков сјај како бижутерија што се прави ко да е излупен еден слој? Зошто јас носам сребро исклучиво и знаат да се направат точки портокалови како од рѓа (не е рѓа ама како за споредба), ама тие ми ги чистат. Од различни места сум земала накит, после неколку години си бараат сите некакво чистење. А може и неквалитетно да е што вика цреша
Ама којзнае колку време е стоено по излози или кутии кај нив, на тоа мислев. Не негирам дека може да е фалш, баш ќе е без врска ако има жиг да е фалш легура... Јас би го рекламирала сигурно ако не е ок.
На првата слика најлево е ланчето пред да го купам, а на втората слика е како тоа изгледа моментално.
Најдобро да провериш прво некаде во друга златара, а и да им го рекламираш после во Рубин. Мислам дека не е сребро, на сребро се баш точки
@Celltica, @cresa-jagoda фала ви, секако прво ќе се консултирам во друга продавница, па ќе го рекламирам во Рубин(ја чувам и фискалната) оти сепак го купив како сребрено, а и како шо пишав претходно жигот е 925.