Здраво, сакам да прашам дали со договор на 6 месеци односно до 31.12.2021 можам да добијам дозволен минус во NLB?
Каде да најдам торба за ладење, онаа со патрони?И патрони? (За патување) Каде сте виделе дека има сигурно? И патем, во една мала торба колку ранец, колку патрони е доволно да има внатре за да држи умерено ладно не премногу?
Dali e mozno vo Ohrid da nema mesto slobodno bratucetka mi bara za so zetko da pojdat nekoj den ama 2738595372broja svrte i nema
Можно е оти најавена е многу жешка недела и во период кога најголем дел од луѓето се на одмор пред празничен викенд и од искуствата од пред неколку години таму кога бев тешко беше да се најде во овој период. Може да се најде ваму-таму ама далеку, несредено...
Дали можам да си ставам пари на сметката вака физички самата јас, која сум на Халк Банка а да отидам и да ја внесам мојата картичка во НЛБ банкомат и да ги ставам парите.. Дали ќе ми се префрлат парите на мојата сметка, а целта ми е нели да не одам до банка да ми ги стават. Обично на Халк не зема провизија од друг банкомат кога вадам, а ако би ги ставила мислам ако може дали ќе ми земе провизија притоа за ставање на парите ?
Здраво, завршив средно медицина-фармација, положив државна матура и како што разбрав потребно е и стажирање, мислам дека 3 месеци. Ако може некој да ми објасни во врска со стажирањето што и како, дали е платено, дали после стажирање може да се оди на факултет или пак да се работи во аптека и слично?
Здраво, би сакала да прашам дали некоја од вас била во Црна Гора деновиве, конкретно ме интересира дали треба тест доколку не си вакциниран? Ви благодарам
Здраво дечки, дали некоја знае како се вика страницата на инстаграм каде изрботуваат лед лампи со слика по свој избор?
Дали во менувачници/банки укрупнуваат ситни пари без провизија да земат? Станува збор за поголема количина, па ме интересира и дали ги бројат на машина?
Во банки е со провизија освен ако ги ставаш на детска штедна книшка. Во менувачница нема да ти ги земат зошто немаат потреба од нив. Најдобро ти е во продавница да пробаш.