Вчера нарачав едни чевли од една страна вечерта ѓи наоѓам на друга страна истите дупло по ефтини како да ги откажам сега предходните? Незгодно ми е ептен Мислите ги имаат испратено веќе ? Пошо ги нарачав во 3 поручекта
Периодот бев во некаква си состојба во која не сакав со никого да комуницирам и си се посветив на самата себе. Единствено на мајка ми и се јавував, во меѓувреме значи зборувам за период од околу 2 месеци не кревав на никој. Сега сакам да и се јавам на вујна ми која ми ѕвонеше стално и пишуваше пораки зошто не и кревам ама незнам како да и се извинам, изговор немам затоа што се работи за долг период и можев во меѓувреме да и пишам барем една порака да ме се грижи. Имам малку грижа на совест ама навистина не можев и ми требаше мир малку од се. Што да и напишам, како да и се извинам, а да не биде извини во гужва бев..
Кажи и ја вистината, односно дека не ти било до разговор и дека ти бил таков периодот. Извини се и заблагодари и се бидејќи покажала грижа за тебе и те побарала претходно.
Предлог за онлајн страница каде што би можела да порачам дуксер со дизајн по желба? Имаше едни во Куманово ама за жива глава на име не можам да се сетам, ако знае некој кои се или можеби има друг предлог ве молам пишете.
Дали може да ги пијам за несоница, нервоза и стрес ....б6 витамини...на упатството не пишува за несоница и нервоза ?
Да можеш, јас ги пијам кога сум во ПМС. Б6 помага при нарушен сон, нервоза и придонесува за намалување на стресот и регулирање на хормоналните активности. Во комбинација со магнезиум ќе имаш уште подобри резултати за смирување.