Каде има да порачам нешто вакво (може и дрвено со рамка за слика) битно со дрво да биде. Со цена до кај 1000денари. Сегде кај што прашав се над 1200 плус карго.
Пријава даваат во ФЗО кога се поднесуваат документите. Не верувам дека пријава за продолжување на здравствено осигурување е посебен образец.
По сите правила, кога ќе се исцрпат изворите кај неа се оди кај жирантот. Точно процедурата како оди не знам, но за жал жирантот плаќа кога оној што го подигнал кредитот не. Затоа и се жирант, нели, вие гарантирате дека ќе го врати ако не вие го враќате. Жиранството е најголема измама и цели семејства се имаат распаднато поради тоа :/
Може некако од приватна квота пак да се вратиш на државна? Нешто имаше со висок просек само дека може ама не ми текнува колкав треба да биде просекот?
Сакам да прашам, дали може порано да се закаже за правење на нова лична карта, пред всушност да истече рокот на старата? Пример, имам уште 1 месец пред истекување, па дали може порано да закажам, да не чекам? Благодарам однапред за одговорот
Јас колку што знам, доколку паднеш во приватна квота си остануваш таму т.е не можеш да се вратиш во државна без разлика колкав просек имаш. Сепак најдобро е да си прашаш на студентски прашања за ова.
Девојки, си порачав нешто од fashiongroup а пред тоа имав друга нарачка меѓутоа не ми се свиѓаше, е сега тоа беше 3.000, ова што го порачав е 2.500, ми рекоа ќе ми бидат вратени на картичка 500денари, само проблемот е што јас немам увид на картичка, сакав да прашам, дали има шанса да не ми ги вратат тие 500денари?
Да не знаете или имате искуство со некои добри форми за дизајн на мебел и ентериер? Сакам да аплицирам за пракса, но има многу избор и не знам за која да се одлучам.
Лејдис, со кој автобус од Партизанска или Рекорд може да се стигне до Авто Испитен Центар (ул.„Перо Наков“ бр.108А/1-2 )? Тенк ју