Дали има лимит колку пари можат да се подигнат од сметка? За преку банкомат знам дека има лимит, мислам на шалтер.
Дечки доколку ми нема книга во студентската книжара што морам да ја купам за на факултет, каде можам да ја купам? Некои ми викаат на пример да одам кај професорот и од него лично да ја купам али како се изведува тоа? Дали само да му речам Абе дај ми книга хссаххасхас ???????????????
Прашај некој од колегите, од каде ја купиле тие книгата. Или пак прашај некој кој полагал кај него од постарите генерации на студенти. Не мораш да одиш кај професорот, за да ја купиш од него.
Ти треба превод уште? Не живеам таму али знам германски Касно го гледам мислењево @pilemile Барај по постари студенти ако знаеш или во Фб групи од факс, обично продават постарите таму или си бараат деца по им треба Не кај професорот лолл
1.Можеш да ги прашаш вработените во книжарата дали ќе ја набават книгата пак. 2.Прашај ги колегите дали ја имаат и ако ја имаат од каде ја купиле. 3.Прашај некој дали некој од постарите студенти ја има и дали сака да ја продаде. 4.Ако на форумов има тема за твојот факултет,во таа тема прашај дали некој ја има книгата. 5.Ако после ова не можеш да ја најдеш,обрати му се на професорот.Можеби тој знае каде ја има. Веројатно ради ова членката го пиша тоа. Книга бараш,не богатство. Ти дадовме опции.Потруди се,ќе ја најдеш. Ако мораш да го прашаш професорот за книгата обрати му се учтиво,а не вака.
Фала ви премногу на сите за советот. Инаку се шегував очигледно, навистина нема да се обратам на професор така..
Не ми е јасно, што е толку смешно ако праша професор за книга? Јас кога студирав за еден предмет само професорката ги продаваше тие книги и мораше од неа да ги купуваме, на друго место ги немаше бидејќи истите беа нови.
Не е смешно.Кој како се снајде,така. Ако не ја најде книгата на едно,може ќе ја најде на друго место. Може ќе ѝ се посреќи и ќе ја купи за помалку пари.