sanjeva да те прашам а да не знаеш колку од прилика колку ќе ме кошта за славење во кугланата во Борис Трајковски (нема да вика многу деца околу 10-тина)
Декември некаде се вторите колоквиуми, па после февруари има февруарска испитна сесија (испит за целиот семестар)
Повторно јас. Мене веќе ми почна возбудата за запишување во средно, што како. Сакав да прашам има средно дизајнерско?
малце глупо прашање.....дали ако изгори косата(значи не цела, ама добар дел еве пола да речеме) повторно ќе порасне?
луѓе да ве прашам нешто,дали знаете кај можам да ја најдам книгата : La pratique du francais .. Итно ми требаааа!!!!
Ме изнасмеа квалитетно, абе девојче, па косата не расте од врвот, од коренот расте, значи, сечеш и чекаш да порасне, ама не ја оставај неисечене бидејќи ќе се оштети целата, како и да изгорела тоа си се шири. Значи без оглед на тоа дали се работи за пегла или пламен, крати и наскоро пак ќе си биде ко старата.
Знае ли некој кај можам да најдам од тие љубовните коцки, или како ли се викаат? Оние што ги даваа едно време од Дурекс, на секоја страна што има по некоја поза и си вртите со момакот, и си се плескате според упатството. Ми треба за поклон, само ќе треба до среда да ја купам, па добро би ми дошла помош да ја најдам.
Зависи какво дизајнерско Памелче, имаш средно уметничко во Скопје, дизајн на текстил и дизајн на ентериер, имаш графички дизајн, имаш и други ама ова ти е стрикно дизајн, само треба да имаш талент за цртање.
Сега јас тука се избацувам со одговоров . Ариел јас гледав во Skopje city mall, најгоре на трети кат во таа продавничката со украси и слични тракатанци што се наоѓа одма до книжарата.
Луѓенца, Јутуб ми отвара, ама музика јок. Екранот е целосно црн и не може да се гледаат видеа. Чае што и како да го оправам?
И кај мене вака се случува, не знам зошто .Среќа имам Мозила и Хром, па ако нејќе од едното, пуштам од другото...До Јутуб ќе да е.
се надевам не помисли дека јас сум ја изгорела косата ...само ме интересираше онака чисто информативно и кај мене така прави....најверојатно до youtube е проблемот... јас па со помислив во мојот компјутер е проблемот
Имаше некоја страна со сличен концепт на оваа http://www.tvpaket.com.mk/ ама не можам никако да се сетам која беше...дали можеби некој знае?