Како оди тоа со плаќањето персонален данок? Колку смеам месечно да имам прилив на сметка(не работам, зборам за моите ако ми префрлаат пари), пред да почнат да ми наплаќаат данок?
Секој прилив без разлика по кој основ до 100 000 денари годишно се смета како лично ослободување и до тој износ не се наплаќа персонален данок на доход, се' над тој износ подлежи на персонален данок на доход кој што изнесува 10%, доколку доходот ти надмине 2 000 000 ден. во тековната година тогаш основицата за одданочување е 15%.
Јас плаќам тв, интернет дома и два мобилни со по 10 гига нет, 2995 ден, исто телеком магента. Магента е ок ако гледаш тв, ако не сигурно има поефтини опции кај локални кабелски тв.
Магента М сме ние, имаме доста бесплатни, и 4гто нѝ се префрла од месец за месец, и искача многу кај нас.По 60гб во месец @lady0813 отвори на јсп има.Пиши у search bar на гугл ,,плаќање со телефон јсп” Ќе пишеш Порака на бројот за да се активира функцијата И после у бус коа ќе треба да платиш, ѕвониш на 185, го доближуваш телот до апаратчето за куцање и плаќаш.
Здраво девојки, бев пријавена во агенцијата за вработување како активен барател на работа и се пријавував секој месец. За месецпв требаше денеска да се пријавам на 13ти ама затоа што е сабота во картончето ми запишале на 12ти и сега дали ќе ми прават прпблем и ке ме избришат од евиденција доколку одам во понеделник? Дали некој има вакво искуство и дали кога би нашла работа тоа што не сум пријаврна би било проблем за да ме осигури?
Нема да имаш проблем, можеш да се пријавиш и неколку дена подоцна, мене ми имаат речено кога можам во месецот тогаш, само да не прескокнам цел еден месец.
Дали пишува некаде на пакувањата бонбониера од типот Бајадера, Шери, Мерси, освен грамажа, број на парчиња? Ми требаат 25. Дали кутија од 200гр. има над 20 парчиња?
При online плаќање на сметка од ЕВН со дебитна картичка на НЛБ добивам известување, плаќањето не е успешно поради надминат интернет лимит. Дали некој има вакво искуство и што значи ова?
Јас. Значи дека или немаш сетирано лимит за интернет плаќање па автоматски ти е 0 ден и не можеш да плаќаш, или си го поминала дневниот лимит. Можеш да го смениш ова во апликацијата за мобилен мислам не мора да банка да одиш.
До Ново Село кој автобус носи, мислам знам 22ка и 64А ама кај да се симнам?За кај Зегинот ми треба, подалеку од Тихомир Милошевски не сум одела и не знам.Хелп?