Веќе половина час се обидувам да закачам слики на една тема. Преку опцијата прикачи фајл не можам бидејќи веројатно сликите ми се преголеми. (Сликани од дигитален апарат) Кажете ми друго чаре? Не знам ни како да ги намалам, ги кропнав ама не се бара тоа
Ќе одиш десен клик на сликата: Open with --> Paint --> Resize. И горе наместо Percentage ќе одбереш Pixels. И нормално ќе си пишеш колку пиксели сакаш да биде, во ширина и должина. Затоа што, кога го прикачуваш фајлот, што е голем, пишува горе, до колку е дозволено сликата да биде голема.
150 denari e zaverka na vencanica isto kolku i da ja izvadis od maticnoto. ama za da ja zaveris na notar ti treba i originalnata [mod-kirilicas6u8jbh][/mod-kirilicas6u8jbh]
Значи луѓе ми треба хелп..Не е прашање него кој се разбира од канцелариско работење да ми напише службен допис
Леле срцко незнам ни рекоа напишете акт во канцелариско работење и отварам книгата и пишуваше службен допис а дефиниција за службен допис пишува акт во тесна смисла на зборот составен од органот кој го упатува до други органи или организации.Со него се започнува,завршува или прекинува некоја службена работа
Па напиши вака Ве известуваме дека поради редовен ремонт на производната линија во периодот од 01.11.2012 до 25.11.2012 нема да бидеме во можност да ги испорачуваме нашите производи. Ти треба тоа да биде на официјална форма? ако да , пиши ми ЛП со меил каде да ти пратам. едит Еве само наместо приговор пиши ДОПИС и тоа што претходно ти го пишав
Би требало да има у Валијант секс шопот..., знам ги гледавме и ние, а дали има сеуште, не знам. Провери си ако имаш уште фора
да ве прашам нешто драги феминки дали некоја од вас била на обука за менаџирање на ЕУ проекти-организирана од страна на Девелопмент Солушнс попознато како КМ-Консалтинг Македонија
Срцекршачке се е тоа ако имаш некој да ти помогне да влезеш некаде па тие обуки да ти дојдат како плус знаење. Знам повеќе луѓе кои одеа и со тие дипломи ама баш никаде не можат да влезат, а си дадоа по 200 евра за обуката, а знам и такви кои на пример преку Мотива ги завшија обуките и ете ги сега работат во признати фирми. Значи ко што веќе знаеш, за се ти треба грб, поготово за да влезеш на озбилна работа а немаш диплома од факултет. Според мене ова не е рамно на завршен факултет туку плус знаење, што се разбира е од голема корист, па ако имаш пари да фрлаш наместо да си го довршиш факултетот слободно иди, нема да ти биде на одмет.
И јас сега го видов прашањето, по одговорот на Пирамида. Ако сеуште бараш има во Мамут на втор кат во Сити Мол, едната коцка е со пози, а другата е со место. Има и други такви интересни работи, многу интересна продавница. Еве ти линк од ФБ: Мамут Жолтите коцки на сликата: Спојлер
Ангел обуката е 3000 + ддв би било околу 4000 4000 и нешто со тоа ако можев да го довршам факултетот, арно ке беше поентата ми беше да се здобијам со знаење за ЕУ-t.e. нивните проекти
Да не знае некој колку се од прилика поштенски трошоци за да се испрати предмет од 100-150 грама? На релација Тетово-Скопје?
Со класична пошта мислам дека е околу 200 денари, можеби и помалку бидејќи е мала релација. Јас имам испраќано хартии како пакет до Валандово и ме кошташе 240 денари, а тежеа 450 грама.
Јас лани примив книга 179 грама за 96денари. Исто Тетово-Скопје. А и кога ми праќаат мене за јас да ги платам трошоците, на поштар плаќам или во пошта директно? Немам искуство со праќање, цел живот само сум примала пошта, а воопшто лично не сум праќала.
Поевтино ќе ти дојде да го пратиш по овие брзи пошти-Карго,Глобко...Глобко доаѓа на повик,а Каргото ти е спроти саем,тука на паркингот.100ден беше до Охрид,Битола 90,без разлика на тежината,ако сакаш на рака плус 20,30 ден е.До Тетово сигурно ќе дојде поевтино.Испораката е наредниот ден.
Феминки кажете ми некои светски манифестации, ич не ми доаѓаат на памет, исклучувајќи ги Оскарите, Олимписките игри и Евровизијата.