@Pea вклучи се на вакцинација.мк и таму имаш да го превземеш мк сертификатот, линк до CommonPass апликацијата и EU сертификат.
@WarriorAngel ако можеш да ми поногнеш многу ќе ти бидам благодарна, бидејќи повеќе од потребен ми е.
Моите имаат интернет преку телекабел ама прегорел рутерот па купивме нов. Арно ама кога го поврзавме само мојот и на сопругот телефонот се активира, други 3 телефони нејќат. Го вративме и ни дадоа нов но пак е истиот проблем. И плус кабелчето каде што треба да се приклучи во WLAN тогаш уопште нема интернет, а кога го ставиме во оние портокаловите тогаш сака. Ем и баба ми купи нов телефон но пак не сака да се поврзи. До што може да биде проблемот? Пишува поврзано но нема интернет врска. И ем не ми е јасно како нашите телефони се поврзуваат а овие другиве не сакаат.
Здраво имам еден договор за стипендија, што треба да го испратам до МОН знае ли некој што треба да стои во полето број?
Ако не грешам тука е поле за архивски број од МОН за твојот предмет,ти ништо тука не пишуваш,тие си внесуваат.
Има ли тука некој од Преспа? Ме интересира шо се случва со езерото, дали напрај некој нешто за спас? Летото беше ептен катастрофа.
Што мислите дали ако праќам препорачана пратка со повратница ќе стигне за неколлу дедна или ќе се завлечка? (за документи станува збор)