Од таму немаш дирекно линија.До Илинден одат само 63, 63а, 63б и 66. Можеш со било кој до веро џамбо или бит Пазар и потоа со некој од овие што одат до илинден
Ова витамин Д е уствари? Баш кул ако така брзо убаво делувало на настинка. Само како да го најдам тука, под кое име, веројатно нема да го најдам под име Detrical како кај нас..
Како можам да ги контактирам во Нептун(освен тел.броеви што ги има на нет) на кои не се јавува никој веќе 2 дена? Во два салона упорно вртам и ништо.
Меил или дирекно во салон. Ако ги бараш за сервис на нешто јави се во сервисот на гаранцијата го пишува.
Баш под тоа име ќе го најдеш, еве и фото можеш да им ја покажеш само во аптека. Ова на сликата е од 2000 единици, земи или од 2000 или од 4000.
Го барав под ова име и го немаше така да земав некој друг витамин Д, али скрос заборавив на делот со единиците и сум земала од 1000ка. Знам имаше од под 1000 и од 3000. Или пак евентуално две да земам на ден? Али па на пакувањето пишува да се зема едно на ден. Ај се надевам и ова од 1000ка ќе помогне.
Ако земе од 4000 едно на ден апче, а ако зема од 2000 може и две, јас при корона вратив вкус и мирис одма со детрикалов од 2000 а на ден пиев 3, значи сум пиела 6000 единици дневно, така да ако пие по две од овие со 4000 единици му доаѓа исто.
Барем по две апчиња пиј на ден едно наутро едно навечер ако веќе си земала од со 1000 единици. Побрзо оздравување
А знаеш на кој маил можам да пишам? Во салон веќе месец дена оди женава и само ја лажат за 2-3 дена ќе пратиме екипа и уште ништо. А на гаранцијата точно има број од сервисот(се работи за самсунг) ама тел.број е српски
Сте ги пробале ли замрзнатите торти од Стокомак и Кам? Дали се убави? Ги гледам често и на изглед се убави примамливи, ама не знам какви се на вкус
Сакам да прашам дали месечните карти од ПОЦ за определена зона може да ги извади било кој? Во смисла без разлика што не се водам дека живеам во центар? И дали со таа месечна карта можам во било кој ден од денот да паркирам?
Вежбањето дома барем за мене некако ми е поудобно дури и поефикасно отколку во теретана.Пиши на youtube вежби за нозе,за задник зависи што сакаш на англиски ќе ти излезат многу практични и добри видеа.