Читам за ова питијадава, некој ако може поубаво да ми објасни каде ќе се одржува во Велес, до кога и каде поточно? Оној што ќе се нафати да пише нека има во предвид дека во В. сум била само 2 пати.
^ Се одржува на главната улица, од Бугарската Амбасада до Гимназија - блокиран е патот. Почнува од 15 часот, незнам до колку ќе трае. Ќе биде цел викенд, но на ден незнам до колку часот.
Artemission денес започнува од 15h и 30мин а во наредниве денови ,баш ќе се распрашам па ќе ти пишам Cholate.me-ќе одиме на питијада
Ај јас да си кажам да не рече Лилит сум ја заборавила Машинката се наоѓа во кинескиот, не на зелено пазарче од кај го ископав и јас не знам, 100 денари е и напред има нешто како круг со нешто како сечила внатре и е топ за покрупни топчиња. Работи на батерии, а прилично малку ги троши батериите. Се надевам не беше многу итен џемперот и не каснам многу
Абе некој што СПИК ИНГЛИШ ГУУД? Да ми преведи реченица една како што треба , гугл транслејтов ме уби .. ? ЛП доброволец, реченица е не е есеј. Благодарам однапред
Тапшање по рамо демек најјак Али на некои места, градоначалникот има попуст на одредени работи, пијалоци, храна итн. Али тоа кај нас ретко се случува, поише у странскиве држави го практикуваат, како начин на промоција.
Личноста што најчесто се чекирала на тоа место. Незнам зашто мислип дека е тапшање по рамо....ниту пак има некаква врска со најјак. Едноставно ако си редовен гостин, ти даваат некои попусти промоции. А за тоа дека кај нас е поретко таквата практика се сложувам. Ама за во странство ти е убава работа. Пример во ресторан каде најчесто јадеш, се чекираш и оп си добиваш 10% попуст. Супер
Може некој да ми ја објасни филозофијата на сечење песна на mp3cut.net ? Пукнав луѓе, се напнав од прееска, мислам дека едно 350 пати ја симнав истата песна, надевајќи дека сум ја исекла правилно и точно .
Па затоа и тапшање во рамо, зашто ништо не добиваш. Целта не мејор-градоначаникот е да има некои бенефиции кои другите ги немаат, пример попуст 10 посто, гратис ова или било што. Кај нас само во карамело порано имаше попоуст мислам 30 или 50 посто за градоначалникот. Ама и тоа пропадна, не постои више. Инаку од која друга садисфакција би се чекирал освен за да се перчиш кај нас? У други држави имаш некоја корист од тоа што си бил чест посетител и имаш некаков потик за да се чекираш. Плус екстра добра и бесплатна реклама на сите кафичи,ресторани итн.
Таа е малце по комплицирана, ова е старата верзија. Ако во краен случај, не можеш да се снајдеш со новата. http://old.mp3cut.net/ Eве и видео за постарата верзија. Што се однесува, до новата верзија. Кликаш: Open file, или пак from youtube, ако не ти е симната песната. Откако ќе ти се прикачи песната, ќе си кликнеш на зеленото копче за плеј. И со помош на сините стрелкички, подесуваш од каде да почне и до каде да заврши песната. Значи ти додека подесуваш, со сините стрелки, нека ти биде пуштено тоа зеленото копче за плеј. За поубаво да го направиш. И на крај, кога сакаш да го видиш крајниот резултат, пак кликни на зеленото копче за плеј, и види дали убаво си го подесила. Или, ако никако не можеш да погодиш, од каде да ти почне, ќе кликнеш на fade in (горе над песната), за пополека да те уводува кон песната. И сосем на крај, cut --> download. Иначе, еве уште едно програмче, за катнување песни. Ама мене ми изгледа малце по глупаво. http://cutmp3.net/ Се надевам ме сфати.
Како да сварам костени, има ли нешто специфично во правењето и колку време се варат? Спојлер Ве молам, не ми го бришете прашањево.
Ќе ги ставиш во тенџере, вода внатре и ќе чекаш да се сварат. Исто како компири кога се варат, ќе извадиш еден и ќе пробаш дали е сварен. Зависи од костенот, некаде накај саат време сигурно ќе треба.