Има ли некој искуство со замена на еден производ со друг во Алфи? Купив чинии но не ми се допаѓаат и би сакала да ги заменам со други, ќе си ја доплатам разликата секако. Не е помината ни една недела од кога се купени, ја чувам и фискалната.
Малку е забутан, му доаѓа позади Централна пошта, поточно од плоштад, право по улицата позади Мериот, таа што е паралелно со улицата на Еуростандард банка (банкарската уличка).
Ракија бе. Јес да ракија е и пијачка, и лек против сите болести, ама ја вака да ви кажам, како ајвар домашен ништо не може да те израдува Врти, сучи, нешто за у стомак да е
Карти за играње со слики од Скопје/Охрид, тегла ајвар, магнет за на фрижидер (гумен), сет ракија со чашки каде е насликано Македонија или други наши симболи и знаменитости (има спакувани со фолија во чаршија), разгледница од Македонија, отворач за вино/пиво нешто со Македонија, шал/капа Македонија, чашки со Македонија. Ако се македонци иселеници, на овие работи би се радувале. Но и да не се, би им ги подарил истите.
Треба да може, по закон мислам дека може да се замени производ во рок од 15-30 дена, не знам која е политиката на таа компанија, ама оди замени си ги.
Дали некој има Буквар и Читанка од Ѓорѓи Делчев? Нигде неможам да најдам на интернет барем сликани или скенирани страници.
Јас вино, кафе и бомбоњера носев кај другарки на слава кога одев пред коронава. Некако тоа ми е изборот, не знам што друго би земала за слава. Можеш од интернет да порачаш нешто што изработуваат гледам за слави, како во корпа вино со благо и напишано среќна слава итн... Тоа ми е така убав подарок ако станува збор за блиски луѓе.
Не е преместен. На почетокот на ул. орце николов, после новата зграда на комерцијална банка и пред тур-агенција савана, се оди по едни скали десно и одма десно, над простории на а1 т.е. вип што беше порано. Одма до огромен агрегат. Само, пази се, многу има неограден простор и лесно е да се падне и повреди.
Зависно превозникот. Аустриан некогаш проверуваат. До 8кг. Туркиш никогаш само да не ти е многу гломазна т.е. огромна. Нускобуџетни ко визер не знам ама гарант строги се оти најмногу пати влечат од такви додатоци и особено багаж.
Ти кажала и @Vraloma зависно превозникот. Со Туркиш имав 10кг дозволен, испадна 13кг таму, никој ништо не ми рече. Со Пегасус до грам гледаат. Ако имаш вишок ќе си платиш.