не знам кај да го ставам прашањето па еве .. Дали има некој идеја што е поентава со I PHONE донесен од Дубаи? Демек не е оригинал а личи на оригинал и све тоа??! не ми е јасно. А цената им е по 100-200 еур. и како да знам ако некој с еобиде да ми продаде таков дубаиски IPHONE да го разликувам од оригиналот?
^ не мора да значи дека не е оригинал,ама сигурно е недекодиран, и нема да и работи на наша картица. Ефтин е вајда дека обично телефоните, т.е ајфоните се ефтини во странтво. Кај нас им лупаат цени, а и плус има работа околку декодирање, чуда,ама јас не се разбирам у тоа ич да ти кажам. П.с има тема за мобилни телефони, па може некој знае подобро да ти објасни од мене што како зашто со ајфонот од дубаи.
Вака, си пишува дека не е оригинал еве копирам од огласот PRVA KOPIJA,REPLIKA NA ORIGINALOT,DONESENI OD STRANSTVO, ISTI DIMENZII,TEZINA,DISPLAY SO APPLE IPHONE 4S.
Ако е онаа копијана кинеска на ајфон што ја има многу кај нас, не купиваза 4-5 мсеци прку сила ќе ти се расипе. Другарка го зема од кина деректно и за неполни 3 месеци откажа. Ако не е кинески, незнам што е, стварно!
Каде и по која цена можам да најдам очила со заштита од зрачење од монитор? Ептен ми се вкрвавуваат очите, прокулинот уште да почнам да го пијам со очи фали. :geek:
^саја јас уште пред години кога ги земав првите наочари,ме прашаа дали сакам стаклата да ми бидат со заштита од зрачење а комјутер и се доплаќаше уште плус незнам колку пари. Јас си ги земав од зелено пазарче, ама не оние што се по шкарт,има една тезга што му ја носиш белешката од лекар и ти прави со стакла исти како од очен лекар, и рамка си бираш. Знам дека ги платив некаде 1000 заради заштитава инаку беа поевтини без неа.
А Hipster дали осеќаш некоја разлика со тој слој за заштита од зрачење од компјутер на стаклата? Мене ме прашуваа дали сакам заштита исто пред неколку години, ама одбрав обични стакла зошто не ми требаат наочарите за на компјутер, а и една другарка ми рече дека џабе ја имала заштитата кога никаква разлика не и правела..
Оф незнам искрено да ти кажам, зашто јас и ептен ретко и ги носам. Има разлика мала, не ми се заморуваат толку очите, кога носам наочари кога сум на компјутер. Има некоја разлика, е сега дали е само од наочарите, или дека има плус ова, поима немам. А може да е у право другарка ти, не би ме зачудило искрено.
Девојки има голема разлика во стаклата со и без заштита. Е сега работата е што обично сите сакаме да поминеме поефтино па бираме антирефлексни, ХМЦ. Не дека се лоши, ама вистинската разлика се приметува со супрема. Лично јас немам диоптер ама имам заштита, бидејќи често ми се заморуваат очите. Ги користам за пред компјутер, тв, за на факултет, за учење. Покрај заштитата од зрачењето од компјутер и тв имаат заштита и од неонски светла, добри се за возење навечер, а имаат и ув заштита но не потемнуваат на сонце и не се замаглуваат при промена топла, ладна просторија, пиење чај и сл.
Купив ново usb и префрлив нешто на него, и сега кога го отворам не можам ниту да ги избришам податоците, ниту нови да ставам, ми пишува дека е white protected... и чаре некое има, или да го фрлам низ прозор...за џабе парите си ги дадов .
Знае ли некој дали производов се продава некаде во Македонија? Знам луѓе кои го купуваат од странство, ама мама слушнала на тв дека и во Македонија го има но не разбрала каде точно. Помош?
Женски,прашав еднаш во темава нешто,ама не допрашав. Кажете ми,која печатела шољи во Рамстор,за колку време се готови ??
^^ Мора да биде баш од таа енциклопедија? Па и таа сигурно е правена според податоци од интернет. Ако кажеш што те интересира, можеби би нашле дефиниција.