Вчера не сликаа од некое ТМЗ или така слично нешто како каде вечер , ама неможам да го најдам , помош ?
На некои од таквите сајтови не ги објавуваат сликите одма другиот ден, туку после некој ден. Провери на Urbantime или Зазабава
Јас моите пред 2 год ги правев во Мавровка и со заштита ми бараа негде мин. 3000ден. Стаклата се најефтини, пластиката малце поскапа и нагоре со цените плус ако имаат дополнителни функции. Годинава ги правев на зелено во една како продавничка, ама ич не ми текнува колку пари ги земав. Туку, некако ефтино ми се виде ова 1000ка Иначе, новиве монитори си имаат одредена заштита, нормално да не ти штети ако не претеруваш со седење пред пц
На зелен пазар има тезги што продаваат наочари и една оптика (Ицо оптика), па претпоставувам зборуваш за оптиката. Иначе цената многу зависи и од диоптерот. Конкретно овие со заштита (лтл италијански) ако немаш цилиндар туку само обична диоптрија, или воопшто немаш диоптер се 1200ден. Ако имаш цилиндар до 2 се 1400, над 2 се специјали, се чекаат по неколку дена и се поскапи. (Инаку без заштита се дупло поефтини)
Дали некоја мамица може да ми помогне??? Барам онлајн платформа за учење германски јазик за деца (тео е прваче). Значи сите што ги испробавме се трајал период и толку. Англиски и напоредно да ги учи основните зборови и поими на германски јазик...тоа е тоа што ми треба.
по стоти пат го поставувам прашањето ама ај уште еднаш дали некој знае колку пари се сега тестовите за возчка дозвола?или дали знае страна некоја каде што можам да се информирам?
и јас слушнав дека со електронското полагање тестовите треба да бидат поефтини но изгледа никој не знае точно да ми каже
Абе Миме87 а да се јавиш во некоја авто школа да прашаш, место да чекаш некој да ти каже ќе дознаеш за 1 минутка http://zk.com.mk/act/%D0%B0%D0%B2%D1%82 ... 1%98%D0%B5
5400 денари вкупно. Тестови (2400денари), градска (1700 денари) и гаражи (1300денари). Бев со братучед ми кога уплаќаше, тој вчера полагаше
Neznam dali e prasanjeto za tuka no moze li nekoja da mi kaze kako mozam da secam pesni samo refrenot mi treba za na telefon ve molam pobrzo
5400 денари вкупно. Тестови (2400денари), градска (1700 денари) и гаражи (1300денари). Бев со братучед ми кога уплаќаше, тој вчера полагаше [/quote] 2200 денари се тестовите
Нз дали прашанево ми е за тука...Имам еден капут од Чоја од мајка ми е ама многу е убав и сочуван...И сеа нз како да го исперам пошо ми мириса на стоено...дали може да го ставам во машина на 30 или на раце некако....лани го носев на хемиско демек али само го освезија со пареа и пак ми мириса на стоено...Сакам на ленорче да замириса убаво...
Зависи од машината што ја имаш, јас мојот го исправ ама се направија топчиња и сега треба да го бричам, иначе можеш на некоја кратка програма, без центрифуга, на 30 степени со омекшивач, пери го со течен детергент обавезно, немој со прашкаст и откако ќе се исуши, а обрни внимание на тоа, односно префрлај го повремено од сите страни убаво да се исуши бидејќи ако застои ќе ти засмрде уште полошо на влага а тој мирис уште не сум успеала да го извадам, поготово од такви материјали, волна, чоја... Откако ќе се исуши испеглај го со влажна крпа, можеш дополнително крпата да ја мориш во легенче со растворен омекшивач и убаво да ја исцедиш. Мене ми успеа, додуша уште не е пеглан ама деновиве и тоа ќе биде.