Нјверојатно и таа тебе те има блокирано. Не кога си ја одблокирала туку кога си ја блокирала. Ова за инста зборувам а најверојатно така е и на фб
Дали некој веќе се има вселено и живее во новите згради Urban Garden, ме интересира дали може доволно да се стопли со инвертерите со оглед на тоа дека е зима, ладно и најголем дел од становите не се вселени?
На предходниот телефон имав маска што гарантира пад од 5 метри, кога ми се расипа телефонот после 2 ипол години, ниту една гребаница немаше, таа маска беше 4 делна, прво идеше гумена маска на телефонот, на неа имаше жглебови за да се прицрвсти делот што го штити екранот од страните пластика, па на неа идеше уште една пластична маска и на таа имаше како резови позади и се додаваше уште еден дел, а начинот на кој го штитеше телефонот беше така што делот што е за заштита на стаклото паѓа под телефонот кога телефонот ќе ти падне и телефонот паѓа врз него а не доле и така не може да се скрши или изгребе.. Таква барам што нуди многу заштита затоа што сум малку тромава и постојано ми паѓа телефонот или ми се губи ама не можам да најдам, сите нудат минимална заштита.
Дали е сигурна за инсталирање? Кога пробував ми излезе предупредување дека симнување од вакви страни не е препорачливо.
Дали има негде вакви хеланки со крзно? Сликава е од Алиекспрес ама ниту ми се чека 100 години ниту ми се плаќа толкав шипинг ако ги има овде за приближна цена.
Да, стигнуваат, ама не секогаш се исправни производите. Еднаш нарачав, две различни машини, едната е ок, ја користам, другата не работеше воопшто откако ја отпакувавме, а и не само тоа, не беше моделот што беше нарачан, туку друг, сличен. Побаравме да ја заменат, ни рекоа дека ќе видат што е проблемот и ќе ја поправат, и тоа одвај се нафатија. Воопшто не се отворени за замена на производи. Ни дадоа гаранција дека ќе ни ги вратат парите, не ги вратија. Не ги препорачувам воопшто.
Јас ја имам на сите уреди инсталирано уште пред неколку години. Само не сум сигурна дали од тука ја инсталирав, ама единствено тоа ми го дава. Побарај, можеби ќе најдеш друг линк. Битно апликацијата како апликација е сигурна.
Прв пат слушам за таква маска. Јас нарачав од тие 360 степени на Али експрес што се. Има долен дел и страничен за околу рабовите, па се склопуваат тие два. Доаѓа и заштитно стакло со тоа. Кога паѓа, ако падне на некој од рабовите не го допира екранот и не може да се расипе дисплејот. Е сега поентата е добро да ја склопиш, малку тешка беше за склопување. А има и некои магнетни, не знам какви се. Провери на Али експрес, така што ќе напишеш 360 до името на телефонот.
Има ама нема со фри деливери, а кога ќе селектирам да ми ги дава само тие со бесплатна достава, само гумени има со бесплатна достава. Не е дека мора баш да е доставата бесплатна, ама на маска од 5 долари, 70 долари шипинг нема да платам..
дечки ај ве молам упатете ме во некоја тема ако има таква или тука кажете ми кој знае каде има низ скопјево готвена храна да се купи? Освен Гала кујна во аеродром и низ маркетиве,на друго место незнам
Во Центар ги имаш Chef спроти Јосип Броз гимназијата, до Крин слаткарницата.И уште едно во редот на Амбар во Градски ѕид. Крин исто и на Рузвелтова имаат продавница со готвени јадења. Chef e нивен.
Во Тинекс во Ист гејт мол има, во Тинекс кај Хотел Карпош, во Веро во ГТЦ има готвена храна, во Лл гурмет во Аеродром, Шеф, онде спроти Горки кафичот има ама не ми текнува како се викаше тоа..
Ve molam preporacajte mi online strana za naracka na sminki poeftini zosto vnuka mi gi zema moite pa da i zemam poeftini da ne gi koristi moive