Нит сметка ќе добиеш, нит сертификат, нит бутур. Купи си негде во ГТЦ или во асална продавница каде што даваат и сметка и сертификат. И 1.000 денари поскапо да го платиш, барем нема да се сомневаш во квалитетот. Затоа е и тој сертификат.
@cresa-jagoda @IRBBB да се самоцитирам, денес пак е катастрофа, како на свеќа да се грееме, веќе заладува во станов.
У пм. Битно ќе плаќаме цела година, плус 15% покачување на сметките. На крај пак на струја ќе притоплуваме. Македонија вечна!
Купи си нешто за догрејување штом си со бебе. Да, јас замотана во ќебе сум, па смрзнувам кога ќе треба да станам. Ај си викам да заштедам малку струја, ама сега ќе пуштам греалка.
Дали знаете што е потребно од документи за поднесување на туѓа нега? Имам термин за мајка во Понеделник во Државна на ТОАРИЛУЦ, дали треба и неа да ја носам? Матичен вика само упат, тоа од кај нив мислењето и извештај од специјалист дека препорачува нега... Снимки, резултати, некое барање дали треба?
Како да се обратам на некој раководител во А1 а тоа да не е контакт центарот? Заради нивна вина, две недели сме без телевизија. Се расипа картицата што се става во телевизор, ја смени мм,испадна не ја активирале во салон,по некој ден отиде повторно да ја активираат,му рекоа за 1 час ќе биде активна. Од тогаш висиме на телефон со контакт центар кои го мотаат стисни ваму,стисни таму, мм им кажува дека нема никаков напредок да дојде екипа. Сега дечково од контакт центар вика ама ќе си ја платите екипата? Молам? За ваша расипана картичка,за ваше неработење,за мое губење телевизија уште да платам?! Кај кого да се обратиме на повисоко ниво од гуруто славчо на месинџер и вибер?
Центар за односи со корисници Сервисни телефони: +389 (0)2 3205 000 Централа (07:00 – 19:00 часот) 089 089 089 Сервисна линија 24/7
На некоја страна за книги онлајн да не има попуст случајно? Од тие што ги знам јас Сакам книги и Матица немаат периодот.
Девојки дали некој од вас се сеќава на една емисија што се емитуваше на тв Алфа,нешто како крв не е вода само македонска верзија,нешто како серија,семејни драми во секоја епизода,не знам точно кога беше можеби 2014/2015.Никако да ми текне како се вика,а не можам никаде да најдам
Неe Со Македонски глумци е,наша серија ама нешто у тој фазон беше како семејни тајни и крвта не е вода