Преведувачите земаат околу 300-500 денари од страна (за документи) колку што знам. Зависи и до јазикот можеби, не сум сигурна. Јас ја преведував на словенечки и ми зеде 300 денари, а имаше и 500 што бараа. Јас мислам дека да. Јави се во контакт центарот (бесплатен број е) и прашај за сигурно. Забраната важи за ЕУ само. Да се надоврзам ако може, колку време трае забраната?
Во Борис бев и катастрофа е затоа што топките немаат дупчиња и многу потешко се фрлаат. Ми кажаа дека во Капитол било супер, а има и уште една куглана во ГТЦ, за неа не знам како е.
Од кога важи мерката за 0% ддв на основните производи? Не се тера веќе вака, само за основни производи имаме пари, а кај се тие што не се основни, изгор е сѐ.. Претпоставувам дека кога ќе се тргне ддв ќе има пониски цени, ама вчера бев во маркет лебот си е иста цена, не е намален.
Дали на картичките со кои купуваме може да се стави да бара пин и на сума помала од 2.000 ден? Воопшто не ми одговара така што е направено да не бара пин до 2.000 ден, што ако некој ми ја украде ќе си куца по 2.000 ден додека не потроши се, многу без везе.
Можеш да ставиш лимит, пример да не смее одеднаш да потроши повеќе од 1000 денари, не знам на која банка си ама ова можеш да го регулираш преку електронско банкарство, можеш да ставиш лимит пример 300 денари, и пред секое плаќање со картичка на поголема сума ќе го зголемиш лимитот и секогаш да си имаш за навика колку ќе плаќаш, во зависност од тоа ќе го намалуваш или зголемуваш лимитот..
Ако ти ја украдат, одма ќе пријавеш во банка да ја блокират. Инаку кај мене бара пин секако, без разлика на сумата
Можам во банка да средам за вадење пари, отварање штедна книшка со пасош? Истечена ми е личната, нова ќе имам крај месец дури
Би требало да е до десет, до толку работи Капитол мислам. А за сертификат не знам, за да влезеш во молот не треба е сега ова е ваљда како кафич па може и треба. Најубаво да се јавиш на телефон.