Сакам да прашам, дали постои опција некаде каде можам да порачам да ми избработат очила за сонце по специфичен дизајн? Тука кај нас или од странство, не е ништо луксузно во прашање
Во ГТЦ на 3 кат имаше една продавница како со тезги и имаше голем избор на се.Сега гледам пишале на врата дека се преместени доле до Ламас, а кога отидов таму ѕирнав само неколку тезги се. Дали знаете дали повторно ќе се отвори горе на 3 кат или доле ќе се прошират?
Јас имам порачано ташни и патики од XL SHOES, нарачката за помалку од 24 часа ми стигна, вака се коректни, јас сум задоволна.
Отворив сега и јас, читам воглавно задоволни. Не знам каков е квалитетот, ама со оглед на цената и не очекувам кој знае каков квалитет
Некој да нарачувал од корпите/дрвени кутии со благо, цвеќе и пијалок? Да препорачате место и што цена се?
Имам и јас, салонки, чизми некои и чанти. Како што се на сликата, така и ќе добиеш. Од салонките сум посебно задоволна. Едит: кога се работи за квалитет, според мене се многу поквалитетни од други за иста цена. Сум купила и поскапи понеквалитетни. Така да, супер се за парите.
Јас и блиски до сега или во фото студио или во оние како Dreamy design студиата си нарачуваме. Јас само дизајн си кажувам ( најчесто на Пинтерест си барам идеи ) и на каква хартија да се , останатото е нивно.