Вака сега, ако нарачаш ИТ опрема нема да ти го царинат, само ќе платиш во пошта нешто треба плус, а ако не е ИТ опрема се плаќа, најди на страната на пошта треба да има според видот на стоката и цената на чинење колку е царина и дали воопшто ќе ти наплатат царина или само поштарина..
Каде можам да најдам крзнени подлоги за врз табуретка во џамбо имаа само розеви.. Патем купив крзнени перничиња ама пуштаат влакна ептен како мачка хахаха спас?
Дали во Грција има некоја продавница за кожни убави квалитетни чизми, Солун и околина, може и линк да разгледам пред да отидам, сакам некој убави квалитетни чизми да си купам?
Дечки, може е глупаво прашањето, ама да си прашам Имам дигитална вага за мерење килограми, ја имам околу 8 години, деновиве престана да работи, е сега, толку и е векот, или пак се сменува тоа назад како батерија што е, ако се сменува, плиз упатете ме каде
Се сменува батеријата, од тие малите округлите неколку се. На мојата од позади се отвора колку што знам. Не е тешко, ти требаат само 3 или 4 батеривчиња. Истражи ја добро од околу каде би бил отворот на твојата.
Ќе побараш во маркет 2032 батерија. За мојата вага треба една таква. Се менва најнормално како секоја батерија.
Ја отворив назад и има само жички и една поголемка батерија, немам видено таква во маркет, или па не сум забележала едноставно, една ќе ми треба само, не 3-4, сепак фала ти на одговорот Батеријата за мојата вага е ваква како што постирала подолу @Maca Macka. @Maca Macka Фала ти премногу, иста е ваква, дааа, утре барам во маркет обавезно
За пратено писмо од Германија, има ли број кај нас каде можам да се јавам да видам до каде е стигнато? Помина повеќе од недела време а многу ми е итно и потребно