Дали некој ги користи, кој вкус го препорачувате, со никотин и без? Колку време ви трај едно паковање?
Има и автобуси и возови. Само пред да одиш јави се прашај си да не има некоја брза измена, на пр ради х причини се укинати или сменети некои возни линии за автобус. А возовите ги има ама понекогаш знаат да штрајкуваат и така нема неколку дена
Дали во Битола/Шумски Фенери има снег? Ладно ли беше денес? Викендов ќе сум таму па каква облека да носам.
Во Битола нема снег, за Шумски дали има моментално не знам, али Битола е прилично ладно овие денови, затоа би ти препорачала да си земиш топла облека
Имаат ли Минисо продавница низ Скопје? Имаше три колку што знам (ГТЦ, Рамстор и Ситимол), и на сите места моментално друго има отворено
Дали некој кој што има сопствен бизнис може да пријави некој без да работи само за да му тече стаж? Поточно, другарка не планира да работи, зашто ми беше глупаво да прашувам, само ме замоли да прашам дали може он да ја пријави да и тече стаж или не може така, ако некој знае, нека сподели
Може Знам газди на сопствен бизнис каде им се осигурани сопругите, но не доаѓаат на работа и многу други вакви примери
Може доколку го познаваш човекот, ама илегално е колку што знам. Дали има начин да те откријат не знам. Мислам дека тие што се пријавени, а не работат сами си ги плаќаат придонесите и такви трошкови и се разбира му ја враќаат платата на газдата на рака. Често бремените невработени жени прават така за да земат породилно.