Ако е шушкавен материјалот (така ми изгледа) можи да го переш на рачно или на 30° на програма за деликатни алишта.
Пери го на ладно ( hand wash options) мора да имаш таква опција. Нема воопшто да ги врти силно туку така еднаш двапати побавно.
Некој што е корисник на tmobile, знае ли некој зошто на мобилниот ми стига порака "имате пропуштени повици од...'' значи само од еден број вака ми стига од време на време, а телефонот ми е уклучен цел ден. Значи на корисникот од другата страна му се уклучува секретарка или дека ми е зафатено, а мене ми стига порака дека имам пропуштени повици, ама уклучен ми е телефонот 24/7 и не ми е зафатена прва линија или нешто. Дали на некој му се има случено исто вака? Дали е до мојот телефон или до телефонот на другата особа, не ми е јасно што е проблемот. Ако го однесам телефонот во tmobile дали ќе може да го средат проблемот?
Сакав да прашам , дали некој знае дсли може да се префлаат пари од девизна на транцистичка сметка ама онлајн ?
Прашање до тие што носат наочари - дали после менување на диоптерот на наочарите ви е многу чудно за гледање? Со леќи ова не ми се случува, земав нов диоптер за наочари после подолго време и некако гледањето ми е малку како придружено со притисок (не знам како поточно да објаснам ). Ви се случува ли и вас истото, т.е дали е само до навикнувањето или можеби се работи за утка?
Првиот пат кога го сменив диоптерот имав нешто како очен притисок,нешто како пулс и матно гледав. Со оглед дека диоптерот ми е за далеку,а јас работам пред компјутер,ми предложија да ги заштитам со blue control стакло,го направив тоа и се беше супер. Сепак тоа е мое искуство,се надевам ќе ти биде од корист
Да. Вториот пат кога менував диоптер имав големи главоболки и притисок. Не знаев тогаш дека е нормално, па се вратив и и реков дека ми утнала диоптер. Таа па наместо да ми објасни, се раскара со мене, не била таа крива. После пак проверував, тој си беше диоптерот. После 1 недела од прилика се навикнав
Зависи дали лицето има тешка или лесна телесна повреда и што лекар ќе најде за медицинска документација. Ако е лесна телесна повреда се гони Прекршочно. Ако е тешка телесна повреда се гони Кривично и може да дојде до затворска казна.