Дали сте приметиле поголеми цени на производите кога пазарите во недела? Во однос на тие цени што ги има од понеделник до сабота зборувам дека во недела се повисоки од нив.
Жени, во која од земјите е дозволено само со негативен пцр(без сертификат за вакцинација) да се поминува граница? Не сме вакцинирани а сакаме да одиме негде за Велигден, ама не знаеме каде е дозволено.
Во Капиштец имаш во Зебра, Центар има долу во ГТЦ, карши бившо AMG, позади ОУ Песталоци. Ситимол не сум сигурен, да провериш.
Дечки,кажете некоја тема за ораторски натпревар. Навистина секоја идеја како тема ми е добредојдена. Фала многу
Цел ден кога некој ме бара им се уклучува мејли од другата страна, значи цел ден во буквална смисла. Сакам да се јавам во тмобиле да прашам како да го решам проблемот на кој број да се јавам??? Свртев 122 ама не знам после тоа што? Ми збори секретарката, треба да одберам 2 за да разговарам со агент? Не разбирам.. Итно ми е помагајте ако некој се разбира
Што се носи на прв роденден кај бебе кај блиски пријатели и блиски роднини? Подарок или пари? Ако некој носи пари, колку пари?
Играчка некоја што свири и свети, како бувче, или нешто друго што може да му привлече внимание на дете од 1 година, соодветно на возраста.. А за пари, во зависност од тоа колку луѓе ќе одите, ако одите ти, маж ти, свекрва, свекор, две деца, не се оди со 500 денари ако планираш само пари да носиш, мислам не се носи, се носи ама мене лично би ми било незгодно така.. Јас би купила играчка некоја и плус 1000 денари во плико ако одиме 3 луѓе да речеме..
Јас би рекла љубовта со пари не се купува,сум одела со пари како подарок,1500 максималното,што да правам не ќе ставам 100 евра кога немам толку. Хааххаахахаб Или некој поголем подарок како на пример знаеш оние коли што се наменети за мали деца,ете ако ти се толку блиски тоа е супер јас мислам како подарок,.Таква детска кола 3000 е.Не е ни ефтино ни скапо.Но ти си одлучуваш
Кај ептен блиски носиме поголем поклон составен на пр. од облека и играчки, нешто благо за родителите и вино. Ако даваме пари , 2000-3000 ден во зависност од тоа колку располагаме. Некогаш носам и хелиум балон, некогаш не стигнувам да купам ама сите дечиња досега најмногу на балонот се израдувале. Кај подалечни 1000 ден, или поклон до таа цена