Мака мачам со болки во стапала. Е сега, проблемот е што воопшто не ми се допаѓаат оној стил на патики како за трчање, туку сакам со рамен ѓон, како овие, никако да најдам нешто квалитетно. Предлог за добри анатомски патики?
https://www.sport-m.com.mk/ProductC...=03&Grupa=01&PodGrupa=503&MarketingStatus=005 Вака нешто? Разгледај имаш избор во спортскиве продавници на adidas, puma.... вакви модели, е сега дали се анатомски не знам баш
Си пробала со https://www.drscholls.com/.? Јас имам рамно стапала без нив нигде не идам. А за патики ,најдобри до сега патики ми биле овие имаш други бои од патикиве. Анатомски не се али вториве особено се ултра комотни
Болката ти е од рамни патики. Само скечерс со мемори пена внатре за удобност и мекост. Има убави модели,не се само спортски. Да прашам дали имаш оток?
Отоци немам, имав проблем со рамни стапала (веројатно и уште имам) ама во последен период страшно многу болка имам во петите.
Вакви баш како на линкот има по спортските продавници, јас пред 5 години ги купив и се уште ги носам, кога ќе ги исперам како нови се. Баш скоро ги видов во Капитол и поевтини беа.
Анабел, класична патика како тие на Најк погоре е со тврд ѓон. Како некој што скоро не излегува од патики, ти препорачувам мек ѓон и мемори пена. Меки се, лесни, се обликуваат спрема стапалото и имаат супер амортизација кога газиш. Секој бренд има такви модели, разгледај ги. Јас имам на Најк, Адмирал и Скечерс, и од Скечерс сум најмалку задоволна.
И јас се сложувам со членките мене рамен ѓон многу ми прави проблем на грбот, ме боли, пример старки не можам заради тоа да носам подолго време, за кратко 2 часа да, ама 8 часа нема шанси
За одморени нозе и без болки во грб само модели за трчање. Патики имам премногу ама има огромна разлика од најк што ги имам за трчање до тие како ти што си стави. Модели како најк тајнујн револушн ранинг стар итн, слични има на адидас и скечерс се закон, се останато мене ми прави болка. Лесни и меки, плус така е модерно сега, гледам и возрасни жени носат такви со панталони поелегантни. Њу баланс имаат помодерни модели, маж ми носи и вели дека се преудобни.
Зашто така за скечерс? Мене па баш од нив ми се оправи ногата, само моделите некако баш не ми се по стил
Многумина ми кажуваат за нив, гледав и денес баш, ама дека цената посоленка си е за некои модели се мислев многу. Сите патики на почеток ми се како на облаче да газиш, после умирам од болка едвај газам. Деновиве не знам дома како се враќав искрено. Дали губат форма со тек на време? Дали спласнуваат?
Баш вакви имаш на битка. Е сега колку се квалитетни за 1000ка, не знам. Јас никогаш сум немала проблем со патики од таму купени. Поголем проблем имав кога купив оригинал конверс и ми направија рани одпозади. Ене ги си седат сега така како украс.
Скечерс се скапи да, ама одлучи дали ти е подобро еднаш да дадеш 4.000 и нешто или да кршиш нога со хартони. Потврдувам дека скечерс се најдобри за мене до сега, а имам големи проб со нозе
Конверс се лепоти али се крш за одење. Баш со другар коментиравме , вака за кафе од овде до онде и толку.
Ни до кафе не стигнав почна да ме боли ногата. Само некогаш сум приморана да носам зашто обожавам сукњи. Тогаш стискам заби и идам. Сеа периодов сум ослободена од тој терет дека сум здебелена па не мора да се измачувам.