Мајки што доите помагајте. Од понеделник почнувам со работа, а малиот сеуште го дојам. Прашањето ми е дали измолзено млеко можам да чувам во фрижидер и колку време (саати)?
невести да ве прашам, дали треба да се јавам во бутиците за невестински фустани да закажам термин за разгледување и пробување или може туку така да им се појавам на врата?
Во МК си нели? Можеш туку така да отидеш. Не е ова Америка или било која друга земја па да има оранизираност на ниво.
Можеш да го чуваш, мислам до дваесет и четири часа во обичен фрижидер, а подолго трае ако е замрзнато. Ако е замрзнато, го одмрзнуваш во обичен фрижидер, а после само го притоплуваш во топла вода. Немој директно да го загреваш EDIT: погрешно време пишав, поправив
да бе во скопје сум ама од каде да знам вака како што читам во некои продавници налутено ги гледале девојките па си викам да не треба да се закаже затоа прашав
Зависи од продавницата, ама генерално, нема проблем. Е сега не очекувај да биде како онаа емисијата на TLC, далеку сме ние од Kleinfeld
Јас во обичен фрижидер сум го чувала по 3 часа и било добро ,со тоа што шишето не го отварав ,а пред истекот на тие 3 часа некои 10тина минути го вадев да се стопли на домашна температура.
Ми се ближи роденден и сакам да го прославам со моите другари и другарки, ама сеуште незнам каде. Имате ли некоја идеја, некое прикладно и убаво место за роденден во Скопје? Иначе полнам 14 години.
Дали некој ја знае постапката за откажување на матичен доктор? Докторката моја си ја вработи ќерка и, па ни мавна печат и од неа, во случај она ако не била на работа, да ни завршела ќерка и работа. Сега си отишла таа во пензија, а ќерка и со сите картони се префрлила во друга амбуланта на другиот крај од градов. А да и каде се наоѓа амбулантата во Ѓорче?
Мора да одиш кај неа и да побараш да те откаже и да ти го даде картонот, а како причина ете можеш да ја наведеш далечината. А каде се наоѓа амбулантата во Ѓорче... Не ме бива за објаснување на места (плус Ѓорче не го познавам баш најдобро), ама мислам дека за оваа прашуваш Спојлер 42.009585,21.362658 (Copy-Paste на Google)
Од на работа знам дека било какви матични доктори се одјавуваа во Здравствен завод на посебен шалтер за тоа. Мора да се носи здравствена книшка (не ми текнува дали уште нешто треба). Оттаму автоматски те одјавуваат, и на матичниот му стигнува потврда дека си одјавена. Значи не мора да одиш кај матичната.
Марама амбулантата во Ѓорче се наоѓа одма после пазарчето во Ѓорче или пак пред црквата Св.Петар и Павле. Автобусот 22ка застанува директно пред болницата
Девојки можете ли да ми дадете дефиницја за рид, планина и котлина? И треба на сестра ми за школо, а во учебниците нема ништо. Побарав и на Google, ама пак ништо. Фала однапред.
Планина е возвишување на Земјината површина во одредени зони коe е резултат на активноста на внатрешните сили во Земјината кора. Рамнина опкружена со планини (обично покрај река), се вика котлина. Ова јас го најдов само. Сега може само некако да се упростат дефиницииве. А за рид, не најдов ништо..
Дали некој знае колку трае новата продецура за вадење пасоШ? Патем и кој е бројот за закажување? фала.
koj dukumenti se potrebni za iselenicki vizi i kade da gi podnesam [mod-kirilica:1qwidimq][/mod-kirilica:1qwidimq]
ЗА иселеничка виза за во која држава, ке си одиш во амбасадата за таа држава што сакаш да поднесеш и таму ке ти кажат точна и целосна докуметација, услови.