Дали некој знае како може да се направи на стопанска банка имам електронско апликација да следам состојба, па сакав да прашам, гледам некои имаат известување да стигнува без да се отвори апликацијата кога ќе има плата на пример, како да направам и јас така?
Треба да ти дадат, ама зависи во какво расположение ќе ги фатиш. Оди у филијалата кога нема гужва, прва сабајлечки.
Дали може некако да нарачам цвеќе или некаков друг подарок, да платам со картичка и да стигне до адреса? За Скопје зборувам.
Кај мене на комерцијална стига нотификација кога имам прилив и одлив на пари, ама морам да отворам да видам колку и од каде. Ако на тоа мислиш Мислам зависи до банката каква им е апп.
Еве мене ми се уклучени нотификациите, ама нотификациите се гледаат само кога ќе ја отворам апликацијата (види втора слика, кај што ми е заокружено таму стигаат).
Влези на M banking, после ова на сликава и во Нотификации. Ќе си избереш одредена сума за кога ќе имаш прилив над таа сума, да ти стигнува известување. Квадратчето обележи го. Мене ми стигнуваат пораки.