И мене ме интересирало, мислам дека е за да ги намамат потрошувачите да влезат внатре, па продавачите тука веднаш да им понудат друг модел, поголем/помал број ако треба, друга боја... Веруваат во директен маркетинг повеќе Туку мене исто така ме интересира зошто во некои музеи и манастири е дозволено фотографирање а во некои не?
Дали има некоја страна кај што може да се види временската прогноза на подолго време, за август месец пример. Нормално нема да е точна 100%, ама одприлика
Може, напиши на гугл monthly weather forecast и локацијата за која шо сакаш да видиш. Ќе ти излезат повеќе страни.
Јас ги перам моите така нон стоп. Прво избери програма со помал број на вртежи и помала температура. Ама секогаш ставај со патиките плус уште нешто, јас обично ставам стари пешкири што бришеме плочки, некои крпи за прашина и слично. Еднаш се зезнав така, си пуштив скроз нови патики само они, и кога ги извадив беа на 4 дела, посебно платнениот дел од патиките посебно ѓонот. Од тогаш си ја научив финтата. Никакви ќеси не ти требаат.
Најамала температура ми е 20степени а имам и 30 ко за на рака перење А дали ги изваваш врвците? Јас мислев само да ги разлабавам.
Јас на 30 перам, со стари крпи за низ двор, крпи од џогери, работнички мантил за низ двор, за да не ми лупаат а и да не се оштетат. Врвци последно заборавив да извадам разлабавени беа. Па, убаво си се испрани.
И јас ги перам со пешкири и крпи за чистење, но и ги ставам патиките во мала бела јастучница. Не ти требаат посебни вреќички.
Па не знам баш дали ќе ти заврши работа таа температура. Мислам дека тоа е многу ладна вода. Јас на 40 ги пуштам. Исто како и нежна облека, џемпери, посвиленкасти кошули... Испрани скроз и никогаш не ми се оштетиле. Врвките зависи, некогаш на рака ги перам или ги зовривам на шпрет со прашок ако се многу прљави, ако не можеш така да ги оставиш на патики.
@Bananki023 Патики редовно перам на 40 со три плавења, ни едни не се уништиле, старки само не перам. Врвки вадам и ги перам посебно. Ако ги путиш сами ке лупаат многу, гледај со нешто да ги пуштиш. Нема да е точна, може да видиш просечна само од последни 10-20 години пример.
Јас имам на битпазар купено 500 или 600 денари беа и супер си се. Секојдневно користени веќе 4-5 години, ништо не им фали