Здраво, порачав јоргани од страна на фб Домашен текстил-мк, ми ги донесоа со карго си платив и ги отпакувам дома наместо јорган ми пратиле прекривки шарени. Им сликав и им пишав да се замени пратката и ме блокираа. Се јавив на каргото они немаат ништо со тоа ми викаат. Не знам што друго да направам. Да ги пријавам во агенција за потрошувачи ли?
Дали некој знае дали може кола друго лице да регистрира ? Поточно, бидејќи ми истекува регистрацијата на колата за 3 дена, а моментално не сум во градот каде што живеам поради работни обврски и не сум во можност да се вратам подолг период, дали може татко ми да ја регистрира ? Сообраќајната е во колата.
Веројатно станува збор за фб страница (значи не е правно лице), а каргото нема никаква врска со тоа, затоа тие за да се заштитат велат плати па отвори ја нарачката, ако не е тоа што треба, го враќаш назад преку нив или друго карго. Сакам да кажам дека каргото не го интересира тоа. Инаку, пред неколку денови пријавив фб страница за продажба на патики. Сопственикот на страницата секојдневно досадува како не му ја подигале робата што му ја нарачувале (изгледа намерно му прават така) бидејќи на многу им праќа сосема други работи од тоа што се нарачува. Пример Х марка патики црна бројка 43ка, а тој праќа Y марка бела боја 39 женски патики или обратно. Не е продавница т.е. правно лице и го пријавив до УЈП (бидејќи истото лице блокира ако му побараш да ти направи замена или да ги врати парите). Од УЈП ми го вратија следното: Во врска со Вашата пријава со изнесени наводи за вршење на нерегистрирана дејност со он-лајн продажба од страна на посочениот профил на социјалните мрежи, Ве известуваме дека од причина што Управата за јавни приходи нема надлежност да постапува кај нерегистрирани даночни обврзници, пријавата ќе биде доставена до Инспекцискиот совет на понатамошна надлежност и постапување од страна на надлежните инспекциски служби. Не знам колку ова би ти било од помош. Исто така, провери дали има адреса на испраќач, па така полесно би можела да го најдеш.
Може да ја регистрира .да плати да ја помине на технички преглед .но печат на сообракајната тешко дека може без ваша лична карта (без врски и чоек кај полицаецот) Иначе може да се возо така локал
Како најубаво можам да исчистам бели патики, поточно јазикот пошто е од платно? Со што се чистат најубаво? Сум пробала со сода бикарбона ама не чисти баш нај нај.
Здраво, некој што се разбира од бруто-нето пресметки на плати ако може лп да ми пише? Благодарам однапред.
Не би ти препорачала евтин да земеш. Инаку, Декатлон има добра понуда секогаш ако си во можност, а кај нас Интерспорт.
Се спремаат ли 450 страни за испит за 5 дена? По 110 страни на ден му доаѓа, од прилика, а е делумно тежок материјал еден од потешките. Оф очајна сум дали според вас постои и минимална шанса со преголем вложен напор. ( знам дека е преглупо прашање извинете)
Ако знајш да учиш, да. Пример: да читаш со разбирање, концентрација, телефонот исклучен, да си слушала шо е поважно и да знајш да го издвоиш, да направиш пауза кога му е потребна на мозокот и добар план што ќе учиш и кога (пример 100 страни сега, 100 сабајле, и последниот ден се' да повториш) 5 дена се, стегни се максимално и не троши време за паничење. И среќа треба некогаш, така да јас да сум на твое место ќе седнам ќе учам и ќе одам на испит, поарно од ич. За 10ка нема, ама и прелазна е доста ако не бркаш просек и ако е тежок. И седи дома викендот.
Колегиве што го имаат положено и од претходните генерации у најмала рака месец го спремале мила и ипак не положувале 2-3 пати. 99% од студентите, најзаебан предмет е. Фала ти душо.
Не, хаос ќе си направиш во мозокот. Ќе се пренервираш 5 дена и пак не ќе научиш. 100 страни дневно да читаш знаеш колку информации се тука? Штом не си фатила досега мој совет ти е ич да не фаќаш ни отсега.