па треба да е до молот, кога кажаа дека ќе има лидл се зборуваше дека ќе го градат во охрид после тоа имаше објавен уште во седум градови во мк ама прв беше охрид и еве веќе две години помина и сакав да знам дали е отворен
Знам дека се зборуваше ама немаме. И мол немаме, се зборуваше дека ќе се направи до автобуската и дека тука ќе отворат, ама историски стана тој мол, нема абер сѐ уште ниту од молот ниту од лидл.
За да го поврзеш лалтоп-от со ТВ-то ти треба ХДМИ кабел. по поврзување одбираш ХДМИ влез на Тв-то и што и да си пуштиш на лап топ ќе се пресликува на ТВ
Дали некој/а е корисник на мобилната телефонија на Телекабел и дали изминатиот период има проблем со мрежата ? Поточно, после 30 секунди до 2 минути се губи звукот со соговорникот и не се слуша ништо, во втор или трет обид го дава како недостапен или пак по 10 до 15 секунди повторно се губи слушање ? Имаме три броеви на Телекабел мобилната телефонија и со сите три имаме ист проблем, а прашав и неколку други лица ми го потврдија истото, кога пријавив во Телекабел велат до сега немаме ваков проблем, а и самата вработена во наплатниот центар ми рече и јас го имав истиот проблем и се префрлив на Телеком. Сакам да прашам, дали и некој/а друг/а го има истиот проблем ?
За колку време ќе ми стигнат пари на сметка пуштени од Германија? Најбрзо како стигнуваат, а провизијата да не е до плафон, и сумата не е мала за пуштање па која опција е најдобра?