Што бидна со најавениот штрајк на јсп за утре? Како ќе има автобуси? Некакво инфо? Никаде на официјалните страни нема.
Прочитав дека е откажан штрајкот затоа што и ја покачиле платата, колку е веродостојна информацијата не знам. Не се сеќавам на кој портал беше објавено.
Возот од Неготино до Солун вози секој ден? Колку време трае патот и колку чини, има ли повратен билет? Фала
Луна паркот што се отвори кај Борис Трајковски, кога е отворен, до кога работи? Денски после 6 функционира или .. неможам инфо негде да најдам.
Не. Пример земаш плата 20.000 денри. Ако ти одобрат лимит две плати ќе можиш да бидиш во минус 40.000 денари. Значи сега можиш да ги повлечиш тие 40.000 и на 1ви кога ќе ти стигни платата да ја повлечиш и платата. Но кога си во минус плаќаш камата. Значи накратко ти даваат плус пари на располагање за кои плаќаш камата ако ги вадиш. А дали ќе ти одобрат една, две или три плати зависи од фирмата во која работиш, зависи од твојот стаж, колку време си во банката и слично.