Девојки сакам да прашам доколку некоја знае за земање минусна плата од банка, до сега не сум земала па не разбирам многу.. Пријавена сум за неколку дена шест месеци, дали можам сега да земам пред да направам шест месеци или мора да се полни и која е процедурата?
Да, јас. Д спорт е спортска продавница како и Спорт М или Спорт ријалити пример и сѐ што гледаш е такво ко на сликите, нема превари.
Дечки дали некој знае продавница за алкохол во Ск со поевтини цени од маркетите? Ми требаат отприлика 20 шишиња виски.
Зависи што виски, али гемак се специјализирани за алкохол, може да ти дадат попуст. Друга опција ти е кам маркет
Зависи кое виски. Прочитај на декларацијата кој е дистрибутер и исконтактирај ги. За таа количина можи ќе можиш да земиш преку нив по набавна, зависи од фирмата.
Јас. Само внимавај на бројките, некогаш не е нагласено УС или УК и така си нарачав патики, па ми стигнаа малечки, среќа имав кому да ги проследам, зошто не ми се бафташе со враќање назад.
Последно два пати зимам Jameson во Гиго трејд 980 ден., на други места е по 1200 отприлика, е сега не знам дали беше моментална акција ама мислам дека е редовна цена. Инаку често има акции по маркетите на одредено виски. JB во Рамстор овој месец е на акција околу 700 ден. Ова виски од КАМ е доста добро, околу 350-400 ден. А има и други видови во КАМ со поефтини цени отколку другиве маркети.
Има продавница за пијалаци за патот накај Кванташки во Маџари, односно на самата рампа, има сендвичара веднаш до неа, со црвена табла е ама не ми текнува на името. Таму ги даваат доста поефтино.
кажете ми добра шнајдерка у Охрид? ама стварно добра, за на битен настан ми е фустанот, не се битни парите, само да е драма.
Дали вечерната проекција на филмот Мими (во склоп на синедејс) што ќе се прикажува на кровот на гтц е бесплатна?
Не знаев во која тема да пишам па ајде тука. Вака, да сте во ситуација да ве делат 5-6 испити до дипломирање, а испитите се тешки и бараат многу учење, а истовремено ви се нуди пракса со можност за вработување што би направиле? Да напоменам дека доколку не ги положам дел од испитите ќе треба да ги презапишувам со висока сума. Прашањето ми е дали ќе се потрудите целосно да се фокусирате на факултетот за побрзо дипломирање или ќе ја прифатите праксата и ќе презапишете предмети?
Јас би гледала побрзо да дипломирам. Бидејќи прво со праксата би се развлекол факултетот штом се тешки испитите, а после ако се вработиш уште потешко ќе ти биде да седнеш и да научиш. Вака прво дипломирај штом си веќе скоро при крај, па потоа ќе се вработиш.
Различни банки имаат различни правила и износ на дозволено пречекорување (кое мора да се врати со камата) најдобро е директно да си прашаш во твојата банка. Имаш право да ги прашаш а тие имаат обрска да те информираат за условите. Доколку ти одобрат (обично тоа оди за неколку минути) внимавај на сметка ќе ти се прикажуваат парите сосе дозволеното пречекорување. На пр. платата ако ти е 100 000 денари, при проверка на средства ќе ти прикажува дека на располагање имаш 300 000 денари. Но од тие само стоте илјади се вистински твои, останатите ако чепнеш, ќе треба и да ги вратиш. Затоа биди многу внимателна! Троши само ако ептен мораш... да речеме ти недостасуваат за автобуска слободна или леб 2-3000, од следната плата лесно ќе ги вратиш.