Искрено уште не Си седи во фиока.Утре задутре ќе ставам, и ќе пишам баш. Ако заборавам потсети ме слободно.Може да не ми текне
Аман бе мајка, на КАРИЛ Зависи колкаво е детето, мислам до 3 години дека не се плаќаше, или се плаќаше, ама рефундираат. Ама најдобро јавете се во фонд, они најточно ќе ви кажат.
го гледаш неможам да заокружам имаш вакви на многу страни само има една разлика сите се исти ги гледаш ист модел само во јачина не се јас го имав еден таков и цела се изгорев, сега овој што го имам од пазар е исто такво само јачината му е помала и го вклучувам на најжешско и не сум се изгорела сепак ти зависи од каде сакаш прошетај на бит пазар ако си од скопје ќе најдеш
уствари на детска хирургија сме ама истата зграда КАРИЛ. Детето е 9г. Ама работава е што јас како придружба за ноќ треба да плаќам 2000 ден башка еден антиген еден pcr корона тест (не знам тие дали и колку се плаќаат) инаку операцијата и болничките трошоци не се многу.
Здраво.. дали некоја од вас има искуство со психолог кој третира брачни парови ? Ми треба препорака. За брачен психолог не се оди кај секој, така што доколку имате искуство/препорака, ве молам споделете.
8 семестар го завршив во мај, но имав неколку предмети што ги презапишав во изминативе години и треба сега да ги ислушам последните предмети во зимскиот семестар 2022/23, сакав да прашам дали уште ќе ми важи слободната додека не ги ислушам предметите?
Се мислам дали да запишам курс или академија за графички дизајн, но сакам да ве прашам дали има толку разлика во материјалот кој се изучува во однос на цената бидејки е буквално 10 пати поскапа академијата и дали само со завршен курс би се стекнала со знаење и би имала можност да најдам работа? Исто така доколку би имале да ми препорачате што по ваше мислење или искуство е најдобро, brainster, semos, seavus и сл...
Незнам кај да прашам па реков овдека. Пошто паничар сум нели. Во колку саат е нормално да ве бараат за разговор за работа? Случајно се разбудив, гледам ми ѕвонел некој 2 пати. Гледам на Вибер не го знам човеков. Аплицирав на поише места за работа си викам да е за работа у нормално време ќе ми ѕвонеше не у 4 и нешто. Како да дознаам кој е човеков, што сака од мене, и како го добил бројот без дa му ѕвонам јас? Не ми мириса ова убаво.