Зависи дали сам или со цимери. Ако си сам можеби ќе ти останат некои 150-200 евра. Во последните 2 години ќириите се поскапени за 50% така да на пример грасоњера под 600€ нема да најдеш ниту на крајот од градот. Зависи за која населба станува збор, сепак поевтини се Црнуче, Рудник, Пржен, Вижмарије, Штепања вас... да не навлегувам можеш да ме контактираш во ЛП да те насочам точно што, како и каде... зависи на која страна од градот ќе работиш, сепак мислам најдобро ќе биде доколку живееш во околината. Селата во Словенија не се како овде! Имаат се, и ресторани, продавници и се ПРЕКРАСНИ. Пиши ми ќе ти пратам и слики
Треба да проверам крвна група ама не ми кажаа ништо поконкретно освен дека треба на трансфузиологија да отидам и колку чини. Туку така да појдам и да им речам дека сакам крвна група да испитам? Кое време можам да отидам?
Едно прашање,завршив високо образование,т.е факултет за воспитувачите и учители.Е сега прашањето ми е дали таа лиценца за воспитувачи треба да се пријавам штом се вработам или може и претходно да полагам,бидејќи најчесто штом се вработат и градинката ги испраќа на понатамошна доквалификација и лиценци. Фала,ве молам за одговор од некој кој навистина полагал или можеби знае. Благодарам!
Здраво луѓе сакам да ги прашам нешто тие што живеат во Австралија, имам можност да одам во Австралија не преку агенција сериозно можам, но се уште оставам простор и за други земји. Па сакам да прашам како е таму ситуацијата таму, дали ако живееш сам по кирија останува нешто бидејќи сум слушнал луѓе кои кажуваат ако човек живее сам платиш кирија струја вода и за јадење и не останува па ако некои ако можат и сакаат да ми објаснат каква е состојбата.
Имаше едно фото студио во порта влае од другата страна, не таа што гледа кон партизанска, само не ми текнува како се вика. Ама едно е секако ќе го најдеш.
Во Бугарскиот ДМ е 240 ден. Земам и јас од Мк, ама не од ДМ, од парфимерија една кај нас и е рамно 500че. Затоа ме интересираше колку е во ДМ во Мк, дали да си земам залихи.
Претпоставував дека ти е за некоја ваква споредба, а видов дека некој ти имаше пишано пред мене дека е околу 250 денари, па затоа те исцитирав уше еднаш. Ја па го зиам у Ск зашо у Белград е скоро 700 денари
Здраво, сакав да прашам дали некој можеби знае какви облоги треба да ставам на петите, бидејки ми жежат (знам дека ми е од замор, ама барем некој да сподели со што можам да ја ублажам жештината). Благодарам.
Дали постои некој оператор што нуди интернет пакет со договор што е пократок од две години? Ми треба да приклучам во стан на една година,но секаде договорите се на минимум две.
Телекабел се со без обврзувачки договор. Можеш да го раскинеш кога сакаш. Јас само поради тоа сум кај нив.
Леле фала ти најмногу ме спаси, дури сега ги гледам и цените исти се како на другите места можеби и малку поефтини. Додека пишувам имам и уште едно прашање, дали некој има искуство со City Connect да ми каже подетално искуства?
Во Солун кога ќе почнат попусти за летната сезона? Не можам да се сетам точно дали беше некаде пред 15ти или после 20ти август.