Зависи колку сте блиски, па може и самите да ти кажат што би му требало. Се сеќавам за прво одделение дека добив од роднини од тие големите несесери со 2-3 патенти што собираа се, внатре полн со фломастери, секакви боички, пенкалца, моливи, дете ко дете ептен му се израдував, чим и по толку години го памтам. Ако сте баш блиски ептен може ранец, патики/чизми... Ако не и пари секогаш се добра опција, па ќе си купат што му треба...
Деверуша сум на свадба кај другарка и екс колешка. Свадбата е на 9.9, а ми рече да дојдам ден порано и на 8ми, за замесување лепче, китење.. Треба ли нешто да носам кај неа дома, мислам се носи ли нешто подарок? Прв пат ова го искусувам, така да,стварно не знам
Хаха бебе во градинка, да за блиска личност (сестра поточно) сакав нешто да купам ама облека има превише па не знам што друго за таму, ако не за прво одд ќе чекам да тргне
Некој имуностимулатор Залиха на влажни, тоалетна, пластични чаши Мајтап на страна, ако преспива можеш пижами. Или топлинки.
Здраво, дали е срамота во карго да испратам неколку пратки од по 150 денари? Дали имаат лимит или нема врска тоа?
Со оглед на вчерашното невреме во центарот, дали автобусот со број 22 денеска вози преку рекорд како и претходно или кружи од друга страна? Знам дека вчера пред соборна имаше поплава па затоа прашувам...
Имаш информации на веб страната на ЕВН. Ама ај да не се измачиш барајќи: 22-07 часот е ефтина. Недела цел ден. Нема лимит, не е срамота. Цел град е сув.
Предлог поклон за 25 години брак, на блиски луѓе? Да не биде нешто од типот вечера, патување, масажа и сл. зашто не се тој тип на луѓе. До кај 2000-3000 денари