Има ли некој што менувал авто-школа? Јас имам се завршено во една и сега уплатив во втора. За да не морам два пати да слушам теорија, морам да си ги земам документите од првата авто школа и да ги доставам во втората. Прашањето ми е ќе ми ги дадат ли од првата авто школа документите? Или ќе ми прават проблем затоа што сакам да ги сменам?
Ја сменив откако завршив со ислушани часови и положена теорија. Документите нели веќе однесени се во испитен центар за да полагаш теорија, нема што да се зема од автошколата и да се префрлаш, ја само си се договарав со новиот инструктор за кога ќе полагам да ја земам колата и за дополнителни часови. Со првата автошкола никаков контакт немав и не ги ни информирав дека повеќе нема да сум кај нив. Земи си ги документите од таа автошкола за да уплатиш теоретска (секако мора да ти ги дадат за да уплатиш) и немаш проблем, завршено ти е се со нив, си извозила часови. Многу мењаат автошкола, фала богу нема 2 пати да возиш часови, такво нешто нема...
Не те разбрав. Кои документи ми викаш дека нема што да ги земам затоа што се однесени во автоиспитен центар? А за кои документи велиш да ги земам? Да не биде забуна. Во првата автошкола стигнав до градска и паднав и баталив се. Поминаа можеби 5, 6 години и сега си уплатив наново во друга автошкола и не сакам да слушам теорија часови по втор пат туку сакам директно да ги возам часовите. Од втората автошкола ми бараат документ за доказ дека имам ислушано теорија во првата автошкола.
Кога уплаќаше првпат за теоретска да полагаш пред неколку години, нели во автошкола даваат документи дека сме ислушале и извозиле часови во автошкола. Тоа мораше да го имаш за да може да уплатиш да полагаш, носевме такви документи, плус уплатница. Не знаев дека пред 5-6г било. Затоа ти бараат доказ значи. Јас не бев во таква ситуација, се завршив во 5-6 месеци, можеби затоа ништо не ми барале. Во испитниот центар каде што ти се документите давани, да прашаш прво евентуално?
Мене од втората автошкола ми рекоа да ги земам од првата. Не ми спомнаа ништо за амсм Искрено не се сеќавам што носев во амсм кога си уплаќав за да полагам теорија. Ме паничи тоа дали ќе ми ги дадат воопшто од првата автошкола док затоа што помина доста време.
Епа прашај тогаш ама јас знам дека сите документи ни ги даваа откако ќе завршевме со часовите кај нив за да можеме да уплатиме. Така да со автошколата после тоа освен договарање дополнителни часови и за да ти ја дадат колата за полагање немаше ништо друго... http://www.aic.mk/dokumenti.html Еве листа кои документи ги имаш носено, потврда во испитен центар имаш однесено, задолжителна е.
А чекај зошто одново да возиш кога веќе си ги извозила часовите пред 5 години и си стигнала до градска? Јас колку што знам еднаш завршена теорија и извозани часови си важат засекогаш. Сега би ти требало само ново лекарско и одново полагање.
Да баш пред малку гуглав и видов што сум однела тогаш. И мене не ми беше јасно зошто да одам до првата автошкола кога се сум завршила со нив. Фактички документите ми се во амсм предадени за да можам да полагам теорија, полигон, градска.... тогаш уште пред 5 години. @Fantasy33 да важат. Јас така си одлучив да си уплатам комплет се наново. Секако извадив лекараско, ми важи првата помош. Ама се останато морам по втор пат да полагам и теорија и полигон. плусот сега ми е што тоа можам да полагам и без извозените нови часови од втората автошкола. паралелно возам часови и полагам теорија и полигон. Часовите ми остануваат сите за градска. Тогаш паднав градска затоа што не се осеќав спремна дека знам да возам. Буквално да беше празно Скопјево, без ниедна кола, и да ми рекоа си положила еве ти возачка, не би прифатила затоа што и самата знам дека не знам да возам. Не ми се погоди инструкторот ич. И не сум луда да плаќам пооделно дополнителни часови со ненормална сума кога за помалку пари имам комплет часови да се осеќам спремна за возење.
Каде можам да купам карти за концеротот на Андре Риу, а да не биде онлајн продажба? Продажни места низ Скопје каде има?
Па не е забрането Јас мислам дека се носи, доколку тебе ти е пријатно и не ти е ладно во истата. Типично летно парче, ама кога е поладно може да се комбинира со марама, шал, елек, јакничка..
Не сум барала, ама верувам дека на пластичарска по дуќаните може да се најде со ок цена.. (во хомакс на пример)