Сет обетки од Stradivarius или било каде што имаат такви обетки, некој сет, шминки, во ДМ ќе најдеш сигурно, можеби и новчаник, некаде со попусти може да најдеш за таа цена, книга...
Искрено не знам, ама ми завршиле работа. Мислам дека зтоа што не е типична продавница па затоа така. Искрено мене ми завршиле работа. На максим горки после мериот од лева страна, не ми текнува како се викаше слаткарата.
Има оператори што нудат интернет пакети за дома со раскинување на договор кога сакаш, по можност некои поевтини? Ми треба за претстојната студентска година, па да можам да го раскинам договорот кога ќе завршиме.
Дали можам да носам облека од починато лице, или се смета за несреќа? Ако можам, дали треба облеката претходно да ја однесам во црква, да ја "почади" поп? Не знам каде да ги поставам прашањата, не најдов соодветна тема
Предложете ми некои фб страници или инста профили од кои сте задоволни што прават персонализирани подароци.
Можеш да си ја носиш нема врска тоа што е на починат, не треба ни у црква да ја носиш, бабини деветини се тоа. Испери си ја и носи ја. Баш ќе те потсеќа на таа личност и на некој начин ќе биде со тебе.
Можеби прашањево е малку глупаво, но ми се ближи годишнина со дечкото и сакам да му купам убав поклон. Во дилема сум и не знам што да земам, дали би било подобро нешто од Зара или пак нешто од Фешн груп (Levis, Guess, Superdry маица). Ова го прашувам бидејќи тој на Зара гледа како бренд за помалку имотните луѓе, што според мене е тотално безвеза. Мене пак, повеќе ми се допаѓаат парчињата од Зара и останатите Индитекс брендови.
Зара за тие цени не нуди квалитет. Имам купено 2 пара панталони и двата се искинаа. Подобро од другите брендови
Дечко ти изгледа не е свесен кај се наоѓа штом вака кажал за Зара. Нејсе, знам незадоволни и од тие брендови. Имај на ум дека поскапо не значи и поквалитетно. Купи му од кај сакаш според твоите можности.
Карикатура од вас двајца Персонализирано пенкало пример ако работи, тефтер некој за на работа Кравата Ако има омилен филм или карактер, нешто со него. Спа за двајца
Па помалце ќе фати пенкало од Гес маица. Тоа ти шо наброја, не е испод 2000-3000. А персонализиран поклон е поскап пошо само он ќе има таков.Гес маица и Супердрај секој втор носи, ко пљукнати се сите. Ти си знаеш, со среќа во изборот
Види на fashiongroup имаат попусти, иначе и мене квалитетот од зара ми е спорен, повеќе ми се допаѓаат на mango, spingfield, исто можиш во спортските продавници да видиш online често пати имаат убави попусти, можи да се најди за уба цена добро парче, а да не е 2000 денари
Да не си правиш трошоци ако не си во можност, да не си ставаш при срце и да не мислиш дека мора да се рамниш со него. И со чоколадо треба да е среќен човек ако му значиш. Јас за годишнина не би купувала облека, повеќе би нешто шо ќе остани за спомен. Ако има хоби или нешто да го интересира насочи се натаму (фотографија, цртање, музика, игри, книги, спорт, планини, мотори/коли, да собира). Или нешто шо ќе го потсеќа на вас двајца.