Нема врска. Јас вчера носев отворени сандали, на свадба бевме на затворено. Ако е на таква пригода некоја, зошто да не си ги носи? Немам многу штикли затворени, гледам што повеќе ваквите сандали да ги износам, секој со можностите.
Предложете интересни серии - љубовни/teen. Во стилот на Emily in Paris, Euphoria, Sex education, Never have I ever ...
Кое ви е искуството кога одите на одмор и се сместувате? Ви ја земаат, задржуваат личната карта, ја копираат, само запишуваат податоци? Чисто поради заштита на лични податоци прашувам и ризик дека може да дојде до злоупотреба? Видов на сајтот на Агенцијата за лични податоци, значи таму стои дека дури и во хотелите не смеат да задржуваат лични документи, а треба да запишат име, презиме, и број на пасош или лична карта, и да ги вратат документите, а ова не го прават, туку напротив ти даваат клуч, земаат лична карта и дури кога си одиш ти ја враќаат. Ризик за злоупотреби постои. Ниту еден хотел каде сум била последните 10 години не работи значи по закон. Па каде е Агенцијата да казнува и да врши контроли? Сегде сме изложени на ризик. Еве кога одев последен пат во Охрид, жената зема лична карта, отиде да запише податоци, и се врати за 5 минути со личната карта. Скоро се случи нешто ептен глупо, не ни сакал да раскажувам, се фрапирав кој се не работи по сместувачки капацитети и поим нема ни од закон, ни од ништо.
Да се обратиш тука? https://www.facebook.com/Sitezaednovoborbasokancerot Едит: https://www.facebook.com/Darkqueentm
Тоа е проблемот. Во сите хотели каде сум била со денови ги држат на рецепција. За 3 дена ќе се сменат неколку рецепционери, па постои висок ризик некој да си сликне и да си има туѓи лични податоци на пример.
Најчесто го прават тоа ради сигурност, на крај пред заминување им плаќаш па ти ја враќаат, не е во ред, во такви ситуации вади се дека имаш потреба од личната карта за време на престојот
На цели групи, по семинари кога одиме и каде се е платено однапред, истото го прават. И никој не се буни, ако излегуваат во град, си бараат лична карта на рецепција. Значи никој не почитува она што е пропишано со закон.
Вакви искуства и јас имам претежно. Еднаш не ја вратија цел ден скоро личната, па отидов си ја побарав и одма ја вратија, наводно заборавиле.
23 октомври се паѓа во недела, ќе го префрлат на 24 во понеделник да биде неработен така? Си планирам за месечниот распоред за работа, не бев сигурна дали ќе се префрли.
Да, тука може да си провериш еве. https://akademik.mk/nerabotni-denovi-za-2022-godina-objavena-programata-na-mtsp/
Не сум многу при пари да купувам нови, на роденден сум во кафуле, ќе ги носам сандалите. Може да ми дадете идеи за скромен, убав подарок до 500 денари највеќе за роденден? За другарка. Немам многу пари во моментов, блиска ми е, секоја идеа е добредојдена.