Во странство пасошот го земаат на увид при чек-ин и го враќаат ВЕДНАШ. Никогаш не ми го задржале ниту сум приметила да го копираат. На твое место не би си заминала од рецепција без личната карта. Како прво, противзаконски е да ти ја задржат и како второ сите полнолетни граѓани се должни секогаш да ја имаат со себе. Ако и покрај ова одбиваат да ја вратат би ги пријавила.
Имав ситуација, која нема да ја раскажувам, да не се препознае некој. Но, реагирав лично, а потоа и се распрашав преку пријателка за кредибилноста на туристичкиот објект, и за конкретно лице, и испадна дека таа се знае со лицето и кажа дека 99% гарантира дека не е човек кој ќе злоупотреби нешто, и пак таа укажа. Се надевам дека ќе им дојде патем. Ги напнав, ама тоа им е. Не можеме да имаме доверба во непознати. Секаде на семинари кога одиме, за група од 20-30 луѓе земаат лични карти и ги држат до крај на престој. Овде се случува секаде, и пратив мејл во Агенцијата за заштита на лични податоци, општо дека сите хотели го прават истото, а затоа што знам дека нема ни да го отворат мејлот, и телефонски ќе се јавам. Значи не може да одам негде, да потрошам пари, и после да гатам, да не некој нешто злоупотреби. Или барајте си лични карти на рецепција, или ако ги мрзи да запишуваат податоци веднаш, слажете дека ќе одите надвор веднаш и ви треба лична карта. Еве ги линк, па ако прочитате детално, ќе сфатите дека секаде прават прекршоци, а казнува ли некој? Веројатно не. Да казнуваат немаше затвореници да земаат кредити во туѓо име, или секаде на рецепција да држат лични карти. https://dzlp.mk/sites/default/files/u972/ZBORNIK-Privatnosta e samo tvoja.pdf
Ако ве мрзи да барате, еве ви копирам: Никој не смее да ја задржува личната карта И покрај измените во Законот за личната карта, сѐ уште се случува да се собираат фотокопии од личната карта или да се задржува самиот документ на места каде што тоа не е потребно. Личната карта, како документ за лична идентификација, може да служи само за увид и за утврдување на идентитетот на лицето. Секое понатамошно обработување на податоците од личната карта, како што е задржувањето на овој документ при влез во одредени компании или институции, односно нејзино фотокопирање, се смета за незаконска обработка со која се обработуваат лични податоци во обем поголем од потребниот за да се исполни целта заради која е овој документ побаран. Честа практика кај нас е при влезот во одредени компании или институции обезбедувањето да ја побара нашата лична карта и да ја задржи за целото време на посетата. Оваа практика не е во согласност со начелата за заштита на личните податоци утврдени во Законот за заштита на личните податоци. Имено, при влезот во одредена компанија или институција, единствени податоци што обезбедувањето може на посебно место да ги евидентира се податоците за името и презимето, бројот на личната карта и кај кого се упатува лицето. Секој дополнително собран личен податок претставува обработка на поголем обем податоци од оној што е потребен за да се исполни целта на обработката. Фотокопија од личната карта може да се задржи само во случаи утврдени со закон, како што се, на пример, во Законот за домување - при склучување договор за продажба на стари станови, Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам - заради следење на потеклото на парите, Законот за постапување со бесправно изградени објекти - при поднесување барање за утврдување правен статус за станбени згради, Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој - баратели, односно корисници на финансиска поддршка. Во согласност со прекршочните одредби од Законот за заштита на личните податоци, глобите за прекршување на одредбите на законот се движат од 250 до 2.000 евра во денарска противвредност. Конкретно, за неоснована обработка на матичниот број глобата изнесува 1.000 евра. За задржувањето на личната карта, што се смета за преобемна обработка на лични податоци, глобата изнесува 1.000 евра, а се казнува и одговорното лице во компаниите или службеното лице во органите на државната власт со глоба од 350 евра, а глобата за контролоротфизичко лице изнесува 250 евра.
Кај можам шампонов да го најдам во Скопје? Ова помага за првут ептеен И косата не ми се мрси на 2 дена, ама имам тестери само, кога ќе ги завршам сакам цело шише да земам.
Итно ми е потребна информација, Мебел по мерка Станковски од Зелениково, некој да го знае или да знае за него дали е коректен?
Во fiore на Рекорд имаш убави поклончиња за таа сума. Кажуваш до колку пари и таа ти нуди што можеш да земеш. Има и алки, обетчиња, ланче а се мн убави стварно Јас кога немам идеја купувам ваучер од ДМ и крај.