Дали ПП 50 уплатница на која има впишано сума во денари може во банка да се плати во евра или мора замена во менувачница?
Здраво. Ми треба мислење, кој јазик би одлучиле да го учите италијански, француски или шпански? (Можеби некоја предност е одлично познавање на англискиот јазик (C1)).
Само во денари може да се плати. Ама можеш да ги смениш еврата и на благајна во банка. Едит: ПП50 е за буџетски плаќања и мислам дека не постои воопшто можност да се плаќа во друга валута. Општо, за девизни плаќања се сосема други обрасци и процедура. На ПП50, 40, 30, 10 може да се плаќа исклучиво во денари.
Благодарам. Повеќе се работи за лична сатисфакција, за работа мижеби ќе ми користи доколку го изучам па да барам работа поврзана со тој јазик. Повеќе ми треба мислење за кој јазик побрзо би се научил поврзано со англискиот? Кој е полесен? Бидејќи мислев за германски ама дефинитвно не, сакам јазик со едноставна и проста граматика.
Штом така, француски е потежок од другите 2. Италијански и шпански би ти биле полесни, кој и да го избереш нема да згрешиш. Мене лично шпански најлесен ми е и брзо се учи.
Добив подарок блуза од тетката на маж ми, но тесна ми е некако во ракавите и градите. Дали ќе е срамота да ја прашам дали ја чува фискалната, да си ја заменам за поголем број ако имаат или нешто друго да купам, ќе доплатам сама ако треба. Убав модел е, сакам да ја носам, не сакам вака да стои дома неносена.
Нема тежок јазик, реално ни шпански не е лесно ( можеби почетно ниво понатака како се продлабочуваш така станува по сложено). Француски се изучува во повеќето школи, ( мене лично ми е еден од најгрдите јазици на свет, го имам учено го знам и ми мех). Шпански ( ако стварно те биде и го знаеш , може да ти биде и дополнителен приход, час да држиш, есејче да напишеш) . Бар ја така од 10 год почнав со него од забава некад и парица капнува ( пошо изборен е на некои од факсовиве пишувам семинарски, чат пат држам итн). Истото мислење и за италијански го имам.Германски не е толку драматично ко ќе фатиш штос. Че зачутам пошо за јазици уста не затварам.
Јас повеќе би се навредила да дадам подарок и да не го користат/носат отколку да ме прашаат за сметка. Мада, фино е кога се дава подарок, особено гардероба да се нагласи дека има можност за замена. Прашај си, нема простор во ситуацијава за срам.
Шпански или Италијански. Не е срамота.Прашај ја. Ако личноста пие алкохол, вино и нешто благо.Ако не пие алкохол, нешто благо и цвеќе(доколку сака цвеќиња).Ако нејќе ништо од ова, тогаш козметика.