По германски и англиски наставниците (во основно) имаат учебници од кои ги даваат задачите за тестовите.Каде да најдам таков учебник,и дали на интернет можам нешто да најдам? Спојлер Дали ме разбравте на што мислев?
Може и со лак за коса, и да се затвори во проѕирна фолија. Ми имаат кажано и откако ќе го напрскаш со лак, да го свртиш цвеќето наопаку и така да го оставиш додека не се исуши, за да ја задржи својата првобитна форма и да не свене. Сакам да прашам дали некој знае некој сервис за мобилни што работат убаво? И колку пари би ми зеле за замена на екранот на телефонот? Значи екранот ми е целосно на допир и не функционира воопшто. Фала однапред.
Кај да купам проѕирен целофан? Ми треба да завиткувам колачиња во него. Во маркети ги има нели оние проѕирни фолии тенки, ама не ми треба таква тенка туку подебело, баш како целофан.
Би требало целофан да најдеш во подобро снабдени цвеќари. Мислам дека продаваат и во гифт шопови, а едно време имаше и на Зелен пазар во ролнички замотани секакви целофани и украсни хартии.
Google. Пиши го насловот на книгата па додади Teacher's Book ако е за англиски. Јас така правев во четврта средно. Го симнував учебникот, ама никако не можев да се одлучам да решавам од него, па идев неспремна на тестови.
Девојки треба да порачам палто од европа е сега за бројчето, сакам да ве прашам таму броевите се на пр 38, 39 или пак 2, 3 а кај нас S, L M . Кој број е соодветен на S дали некој знае. Ве молам побрзо ми треба одговор
Не знам каде да го поставам прашањево... Има некој искуство со тоа како доаѓа нова роба во Зара во City mall? Имам бендисано чевли за кои си штедам полека полека и сега ги нема. Има шанса да ги добијат повторно?
За тоа незнам кога стигнува нова роба... Ама ако си ги пробала и знаеш кој број ти е точен тогаш ти преостанува една опција... да ги порачаш од страната од Шпанија, ако и таму уште ги има http://www.zara.com/webapp/wcs/stores/s ... home/mk/en КАДЕ МОЖАМ ДА НАЈДАМ УБАВИ, ДЕТСКИ ПОКАНИ ЗА РОДЕНДЕН?
Ако си близу Лептокарија, пред Трафик(тоа за чевли) има една мала книжара,таму мислам дека има.. И во трговски една продавничка на 1 спрат, кога ќе се качиш по скалите веднаш десно е, со балони е внатре и слични работи, неможеш да ја пропуштиш.. Провери,би требало таму да има
Не сум баш блиску до Лептокарија, ама ќе одам некој ден ќе видам, а сега ми текна треба да има и во Џамбо. ФАЛА!
Има и една роденденска продавница-јас така ја викам, во ГТЦ на трети кат, малце е забутана, ама ќе прашаш некој околу да ти каже каде е, сите ја знаат.Има се за родендени-балони, свеќи, покани...Сигурно ќе најдеш нешто таму
Каде да најдам ваква хартија? По можност не на пазар. Не ме фаќа пат натаму, ниту пак татко ми би прифатил да оди само за хартија. И ваква бела.
Феминки, знае некој од каде се вади посмртница и дали веднаш ја издаваат или се чека некој ден? Ми требат насоки низ институцииите во Ск.. И до колку часот работи институцијата? Однапред благодарам
Кој лепак би го препорачале за лепење на нешто на материјал? Сакам да залепам едни нитни ама со кој поточно лепак?