Од каде да земам ранче за син ми, му треба за екскурзија, беа до Пелинце, па ќе ги водат до Охрид на три дена. Не ми се даваат пари за оригинал Најк или Адидас, имаше некоја страна со копии, дали знаете некоја онлајн?
Ако сакаш онлајн не ми текнува некоја страна за спортски ранци, ама ако си од Скопје имаш на Зелен пазар или Бит пазар. Едит: ја најдов оваа страна на fb, види може ќе најдеш нешто https://www.facebook.com/Mangoo-Bags-196440630969840/
Женски, детска боцкалка сте виделе некаде? Се убив од барање (бело пластиче со дупчиња и сет од боцки во разни бои)
Во Персин веќе нема детска гардероба, понекогаш патики добиваат. Се затвори тој дел. Инаку, во Ваикики ги надувале цените, исто како оригинал скоро да сум му купила. Имаше една страна ми излегуваше порано, не ми текнува никако
Пробај на овој тел. 0800 3 2222 или види најдобро на веб сајтот на АХВ, мислам забрането е да ставам линкови од други веб сајтови на форум.
ВЕ МОЛАМ НЕКОЈ ДА МЕ ПРОСВЕТЛИ...бидејќи е хакирана страната од МОН за УЧЕНИЧКА стипендија прашувам до кога е рокот?
Дали се уште постојат продавачите на стари книги покрај кеј? Ако не, каде да најдам сличен продавач низ Скопјево?
Дали парфемите на Зара се нарачуваат онлајн? Ако да линк плс... На нивниот сајт не можам да ги најдам.