Никогаш немам испраќано писмо, па ме интересираше дали има можност обично писмо (честитка) да стигне во Америка за краток рок, да речеме за два-три дена и дали дополнително се доплаќа за тоа и колку? Или ако не е по брза постапка, за колку време би стигнало ако утре ја испратам? Се надевам дека ме сфативте што сакам да прашам.
Сакам да прашам да ли има некој број за амбулантата во ѓорче,ми ѕтреба да видам која смена е една докторка..Постои ли некој број???
Јас праќав често честитки од Германанија за Македонија ама стигаат за подолг период , незнам одприлика колку ама ако праќаш за Америка тешко да стаса за 2 до 3 дена
Кога беше цела фрка во темата за модни критики, не памтам која феминка кажуваше како зема слика од било каде и ја става во google, и го пронаѓа оригиналот... Може да ми објасне како го прави тоа ? Copy Image Location, а потоа?
Ејнџл, откако ќе направиш Copy Image Location одиш на гугл и Paste. Ќе ти излезе со пребарување по слика и ти ќе стегнеш на тоа. Во слики на гугл излегуваат повеќе опции. Ако е оргиналот преземена од гугл тогаш ќе ти излезе прва. Баш сега пробав од други теми така Ме сфате како ?
Може не ми се за тука прашањава 1. Дали имаме наше пченкарно брашно и кое, зашто во сите продавници наидов само на српско (кое мислам дека требаше да биде отстрането)? 2. Има една продавница за чевли, во гтц на приземје од страната на жена парк, имаше слаткарница до неа од едната страна, поголемка е. Ми треба име и ако има и сајт/фб што да е. тенќу
Oдговор за првото прашање. Едно време имаше пченкарно брашно од Жито Лукс. Тоа со сигурност. Ама дали сеуште го има не знам. Немам забележано по продавниците.Еве како изгледа
^ Не видов никаде И да има и да нема...не оди Џабе дадени пари за влез, кога панаѓурот одамна веќе не е тоа што беше. Ако има 3 тезги оваа година таму, мора некој да ги спонзорира колку да се појават жална слика е
Денес, после 12 вечер ќе нема да има вода, или утре после 12 вечерта нема да има вода? Ја дур да сфатам... У ствари, еве го, за 10 минути, па ќе видам. :geek:
Има, пишав и во една од темите, по очаен не бил НИКОГАШ! 30 денари е влез, а треба да е гратис. Оваа година само една хала е отворена, истата ќе ја прошеташ за помалку од 5 минути и нема ништо интересно да видиш! Јас не би ти препорачала да одиш.
Да, важи. Исплатата мислам дека беше околу 8000 ден 10 години. Еве подетално објаснување, превземено од uslugi.gov.mk Спојлер Почитувани, Ве информираме дека е во примена Законот за заштита на децата согласно кој може да се оствари правото на родителски додаток за дете(за трето дете).Согласно Законот за заштита на децата може мајката ако ги исполнува условите да оствари право на родителски додаток за трето дете. Конкретно правото се остварува ако се исполнат условите утврдени со Законот, со тоа што родителски додаток за дете остварува мајка за своето трето живородено дете, мајката треба да е државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија последните три години пред поднесување на барањето. Правото на родителски додаток за дете го остварува мајка која непосредно се грижи за детето за кое поднела барање, чии деца од претходниот ред на раѓање не се сместени во установа за социјaлна заштита, згрижувачко семејство или не се дадени на посвојување и на која не и е одземено родителското право над децата од претходниот ред на раѓање. Правото на родителски додаток за дете не може да се оствари : -ако мајката за време на бременоста не ги вршела задолжителните здравствени прегледи и контроли согласно со закон; Правото на родителски додаток за дете не може да се оствари односно ќе се изгуби веќе оствареното право, доколку: -не се вршат задожителните вакцинации на детето согласно со закон и - детето не биде запишано и редовно не ја следи наставата во основно училиште согласно со закон. Правото на родителски додаток за дете не може да се оствари ако мајката во моментот на поднесувањето на барањето живее и работи во странство. Надлежен за решавање по барањата за остварување на правото на родителски додаток за дете е центарот за социјална работа надлежен за подрачјето на кое мајката има постојано место на живеење. Барањето за остварување на правото на родителски додаток за дете со потребната документација се поднесува најдоцна до наполнети три месеци живот на детето и правото на родителски додаток за дете се остварува од месецот во кој настанало раѓањето на детето. Редоследот на раѓањата на децата кај правото на родителски додаток за дете се утврдува спрема бројот на живи деца на мајката утврдени во однос на денот на поднесување на барањето за остварување на правото на родителски додаток за дете, спрема датумот и часот на раѓањата запишани во матичната книга на родените.
Прашање околу кое сум во недоумица. Дали ако чекате два часа (колку што е работното време) на празен шалтер на студентски, се вбројува во надеж, трпеливост или глупавост? Дали ако после 2 часа, по истек на работното време, ве известат дека можете да се префрлите на другите шалтери, на кои чекаат по десетина души и е невозможно да дојдете на ред, се смета за љубезност поради дадената информација?
Дали има некој што живее во Солун да пише web на туристичка агенција ми треба лет за Германија со резервација од таму !