Не знаев у која тема да прашам, па ајде овде. Утре е една година од смртта на мојата бивша претпоставена, која како постара сестра ми беше Не ги знам обичаите, за погребот носев цвеќе како последен поздрав, а сега дали пак цвеќе или што се носи? Навистина врска немам..
Однеси пак цвеќе штом за погребот си однела,така се прави тоа,свеќа ќе ти дадат на гробишта да запалиш кога ќе пее попот.Со тоа ќе и оддадеш едно почитување исто како и првиот пат за погребот кога си и оддала.
Телефонот ми се лизна и ми падна на заден дел, стаклото напред испука. Откако ќе го сменам стаклото, дали ќе имам понатаму проблеми со дисплејот и со допирот на екран или нема врска?
Ако е оштетено само стаклото, тогаш не. Причекај да видиш дали дисплејот е во ред. Не би требало да имаш некој проблем.
Дисплејот засега е во ред, но добив информации дека кога на телефон ќе му се стави кинеско стакло (во смисла да не е оригиналното) дека потоа многу лесно се оштетувал дисплејот и допирот на екран и сега се двоумам
Кој изработува онакви плочки со бројче за на врата да закачам? Сакам некое штосно, не знам на кого да се обратам за изработка.
Јас знам случаи што го распукале стаклото, го менале и потоа немало проблем. Најдобро нека пише некој ако има негативно искуство.
Колку што разбрав нема да следува на сите невработени лица, туку само на тие што веќе изгледа по некој основ земаат пари од АВРМ и се водат како невработени. Што според мене не е фер.