Покорисна е од обична сушара кај што се сушат наредени алишта со денови. Машината за сушење е бучна, создава влага во просторијата, па ако не е во купатило, нека биде во соба што не ја користите, со прозор оставен на кипање постојано или да има одвлажнувач во собата.
Дали некој бил за нова година во Банско? Дали има како дискотеки за дочек на новата година? Друштвото повеќето скијат и планирале таму да се а ние не скиеме…И ако нема ников дочек не ми се седи в соба вечерта…А реално не сум тим шо обожава ора за во некоја кафана Би била у кафана ама не со многу по возрасни од нас пак да биди малку за по млади.. Малку е рано може за оваа тема ама сакам да видам дали да си организираме на др место пошо они уште од сега ќе резервирале смештај
Многу ќе мириса и ќе е топло. На нас ни стоеше во шпајз и во кујна и дневна многу мирисаше а голема е просторијата. Сега во една соба е што не ја користиме ама и таму не сакам да стои, не знам кај да ја сместиме веќе, во вц нема место.
За топлина да, ама како тоа мириса? Не сум помислила ниту некој ми кажал дека би можела да е штетна за дишење Немам приметено мојава машина да мириса
Омекнувач не се става кога алиштата се сушат во сушара. Нагласено е во упатството дека не смее. А и што ќе ти е, секако алиштата се меки и без него од сушењето.
Види и во Ист гејт, до Тинекс. Има една машина (подаромат) и ми се допаѓа што текстот е напишан на македонски.
Знае некој дали итната медицинска помош кога доаѓа дома да аплицира терапија на пациент треба да наплаќа затоа? Прашувам бидејќи ако те познаваат не наплаќаат а ако не си плаќаш, па не знам дали имаат право да наплаќаат или не, кога вака прават.
На мојата пишува. Макар што јас и воопшто не користам омекнувачи, ги избегнувам, штетни се по здравје.