Како се викаше оној сјај за усни од dm во неколку бои што е?Нешто bomb беше... @Dream-Girl ти да не знаеш?Мислам дека видов дека коментираше во една тема...
Ех,да.Овие. Се изнамачив за да ги најдам,но не можев. Фала ти премногу. П.С. Да не знаеш која цена се? И,извини што те замарам
Дали некој знае за Emapta странска компанија во Македонија, да ми објасни подетално? Бараат работници моментално
Некој да има користено вагиналетки по име Polygynax, ако имате користено пишете ми, имам прашање, благодарам.
Ми треба помош, инсталирав една апликација на таблетот Voice recorder како би можелеа да си снимам предавања кои ги слушав преку телефон, на самиот таблет . Сите гласовни фајлови се зачувуваат само на таа апликација. Нема можност да се симнат да си ги имаш на уредот. Се си функционираше нормално до неодамна. Не можам да ја отворам апликацијата, ми дава известување the app has stopped. И имаш само опција репорт и да ја затвориш. Мене ми требаат предавањата во моментов. Како да стигнам до нив? Има опција а проработи? Не можам да ја деинсталира па да ја инсталирам затоа што проблемот е што апликацијата нема опција да се логираш, ја инсталирав на телефон ама нели фајловите ги нема пошо не правиш login.
Здраво ме и тересира ценовник за царнина на мал автомобил, т.е. каде можам да најдам сакам кола од странство да однесам в Мк, и ме интересира дали може Еуро 4? Фала
Здраво, ми се јавија од некој број за кредит и ми бараа матичен број да провереле нешто, ниту имам врска со кредити ни ништо, секако не го кажав м.б, има ли некој слично искуство, баш ми е чудно како го нашле мојот број воопшто??? Се работи за флекс кредити.
Во Шпаркасе имав орочено средства на 6 месеци, ми текна дека рокот факитчки измина пред 3 дена и ме фати паника, што се случува со средствата во ваков случај. Денес како што знам не работат, сакав да отидам наредна недела. Дали автоматски се продолжува самиот договор или како оди ако може да ми објасни некој?
Не ти пропаѓаат не се секирај Сега треба да ти пресметаат колку камата ти следува да добиеш за орочените с-ва после тие 6 месеци и да ти ја додадат на тие пари што ги имаш.
Веројатно некој те кажал како човек што ќе гарантира за него. Некој сака кредит, ти се јавуваат да бидеш ти тој што ќе го бара должникот ако не можат да го пронајдат и сл.