Ако не успеа да го средиш Вибер нека ти ги пратат документите преку друга програма (Фејсбук. Скајп...)
Дали има некој во странство, особено Норвешка или Шведска, да успеал да повлече повозрасен родител од тука таму?
Роднина од Норвешка (повеќе од 20 години живее во Норвешка), по смртта на татко му, ја зеде мајка му да живее со него и неговото семејство во Норвешка. Не беше веднаш, прво одеше по неколку месеци па се враќаше (колку што дозволува законот), за потоа да остане таму за стално, со добиено одобрение. Немам информација за правните процедури. Морам да напоменам дека таа и претходно, додека беше жив сопруг и одеше во Норвешка редовно во посета кај синот и го знае норвешкиот јазик, дали тоа влијаело врз одлуката незнам.
Здраво, може прашањето не е за тука ама може некој знае апликација за препознавање на локација преку фотографија ?
Дали некој знае кај нас дали постои курс за Нутриционизам каде што по завршување се добива признаен сертификат и слично?
Сум немала досега искуство до приватни гинеколози, но имам некакво непријатно чувство и пецкање и сакам да одам да се проверам. Прашањето ми е доколку треба да се прима терапија дали ќе ја препише гинекологот кајшто си се испитал или преку матичниот лекар тоа оди, затоа што матичен гинеколог сеуште немам?
Ако одиш приватно и тој може да пише терапија ќе треба приватно да си ја купиш. Секако ти треба матичен и за понатака... го препорачувам др филип, ултрамедика, секогаш достапен
Знам дека ми треба, но за ова сега не ми се чека и сакав приватно да одам за побрза постапка, но не знаев дека приватно може да се препише и терапија. За Др. Филип имам слушнато и кај него и планирав да одам за ова, а кога ќе бирам матичен сакав или кај него или кај друга докторка што ми ја препорачаа. Сепак фала ти